10:17 - 24 јуни, 2026

(Фото) Амал и Џорџ Клуни докажаа дека се најгламурозната моќна двојка: Бројни ѕвезди на нивниот хуманитарен настан

Амал и Џорџ Клуни докажуваат дека се најгламурозната моќна двојка додека ја привлекуваат холивудската елита на хуманитарен настан во Њујорк во чест на „бранителите на правдата“.

Инстаграм

Џорџ Клуни и Амал Клуни изгледаа неверојатно пречекувајќи голем број личности од шоубизот на нивните втори годишни награди Алби, одржани во Јавната библиотека во Њујорк. Наградата Алби ја доделува Фондацијата Клуни на, како што велат, „храбрите бранители на правдата кои се соочуваат со голем ризик за она што го прават“.

Овогодинешните почесни награди ги доби една украинска невладина организација, активист од Конго и двајца ирански новинари кои ја раскажаа приказната за убиството на Махса Амини, кое започна востание за слободата на жените во нивната земја.

Наградата е именувана по судијата Алби Сакс, меѓународно познат јужноафрикански адвокат, кој беше затворен, а потоа протеран поради неговиот активизам против режимот на апартхејдот.

Пријателите на парот дојдоа да ја покажат својата поддршка, меѓу кои Емили Блант, Џон Красински, Даниел Крег, Рејчел Вајс, Скарлет Јохансон, Мет Дејмон, Ен Хатавеј, Синди Крафорд и други.

Инстаграм

Амал Клуни како водителка и домаќинка на вечерта избра спектакуларен бел фустан со светки. Изгледот го надополнила со дијамантски обетки и нараквица, како и мала сатенска чанта.

Џорџ Клуни ја поддржа сопругата во елегантен класичен смокинг.

На вечерта присуствуваше и мајката на Амал, либанската новинарка Барија Аламудин.

Во еден момент, холивудската моќна двојка позираше и со модната дизајнерка Донатела Версаче и магнатот за убавина Шарлот Тилбери.

На вечерта на Амал и Џорџ дојдоа и Даниел Крег и Рејчел Вајс, Синди Крафорд и Ранде Гербер, Џулијан Мур и Барт Фројндлих, Мет Дејмон и Лусијана Барорсо…

Вечерта ги вклучи и триумфалните ѕвезди Грета Гервиг и Ноа Баумбах, кои го слават успехот од милијарда долари на нивниот филм „Барби“.

Интересно е што настанот пак ги обедини актерките: Мерил Стрит и Ен Хатавеј седеа една до друга 17 години по нивниот филм „Ѓаволот носи Прада“.

Слични објави

Карлеуша ја исмеа Милица Павловиќ по најавата за новиот албум: „Таа нема фанови“

Еспресо

(Видео) Беа најконтроверзниот ријалити пар на Балканот — Луна Ѓогани и Слоба Радановиќ имаа „непријатна“ средба на настан

Еспресо

(Фото) Ќерката на Карлеуша во гламурозно издание — Атина Тошиќ блесна во златен фустан

Еспресо

Хороскоп за 24 јуни: Биковите ќе го искористат денот за дружба, Јарците ги очекува нова деловна понуда

Еспресо

(Фото) Идиличен летен одмор – бремената Деа Ѓурѓевиќ покажа како ужива во базен

Еспресо

(Фото) Иднина на престижен универзитет – синот на Вики Миљковиќ матурираше, гордата пејачка ја сподели радоста на социјалните мрежи

Еспресо
Се вчитува....