6.8 C
Скопје
08:35 - 20 октомври, 2026

Попоски: Ќе имаме летни температури, но ни доаѓа и ново невреме, еве кога

– Во текот на следните денови, и понатаму во Македонија ќе породолжат ЛЕТНИТЕ температури на воздухот, типични за овој период од годината. Највисоките максималните дневни температури низ Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 33 степени, што значи некој екстремно топол Африкански бран нема на видик. Температурите ќе бидат далеку попријатни за разлика од оние кои го имавме минатото лето.

Сепак нестабилното време и понатаму продолжува во Македонија, што значи стабилизирање на Атмосферата нема да имаме. И понатаму ќе има ме локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено нестабилна Атмосфера повторно очекуваме во сабота попладне и тогаш има нова опасност од појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Градот кој се очекува повторно би можел да биде покрупен. 

Особено во сабота попладне повторно АПЕЛИРАМЕ граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, но и во случај на појава на електрични празнења тие да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така повторно постои опасност од локални ПОПЛАВУВАЊА.

Во Скопје и околината исто така ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во сабота попладне, кога и во делови од Скопската котлина ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВУВАЊА – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

Слични објави

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо
Се вчитува....