22:44 - 29 ноември, 2026

„Бебето на Розмари“ од Полански повторно на филмскиот екран – што ќе се случи со танчерката кога ќе влезе во станот 7А?

Филмското студио „Парамаунт“ го сними филмот „Станот 7А“ (Apartment 7A), претпродолжение на култниот хорор-филм на Роман Полански – „Бебето на Розмари“ (Rosemary’s Baby) од 1968 година. Според западните медиуми, филмот е веќе готов, а претпремиерата на филмот била успешна, со пофалби кон глумиците Џулија Гарнер и Дајан Вист.

Новата приказна временски ѝ претходи на оригиналната сага. Гарнер глуми млада танчерка која е изнајмена од постар пар во станот 7А. И, сѐ се случува пред таму да се всели Розмари Вудхаус – главниот лик од првиот филм.

Во новиот филм глумат и Џим Старџис, Марли Сју, Рози Мекјуен, а ќе се појават и некои од ликовите од оригиналниот филм… Ејми Лисон ќе ја толкува Розмари која во првиот дел ја играше Мија Фароу, а Кевин Мекнали ќе го глуми Роман Каставет, лик првично одигран од Сидни Блекмер.

Филмот е во режија на Натали Ерика Џејмс, која го напиша и сценариото, заедно со Кристијан Вајт и Скајлар Џејмс. Датумот на прикажување сѐ уште не е познат, но според ИМДБ, филмот треба да излезе оваа година.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....