11:02 - 2 ноември, 2026

Почина ѕвездата на серијата „Сплетки“, Мајкл Џејстон

По кратко боледување почина Мајкл Џејстон, ѕвездата на британската популарна серија „Сплетки“, имаше 88 години.

Џејстон,го глумеше таткото на Ракел Тарнер во ситкомот на „Би-би-си“.

Веста за смртта на глумецот ја објави агенцијата „ММ Фејмоус фејсес“.

„Со голема тага неговото семејство ме замоли да ја споделам веста, Мајкл Џејстон за жал почина утрово по кратко боледување. Оние кои го познаваа Мајкл знаат дека тој беше полн со љубов, смеа и среќа. Тој сакаше да се сретнува со своите обожаватлеи ширум светот. Неговото семејство и пријатели ќе ја ценат приватноста во овој момент“.

Иако особено популарен беше по улогата во Сплетки, Џејстон глумеше и во бројни филмови и серии, вклучувајќи ги „Николас и Александра“, „Доктор Ху“, „Џејн Ер“…

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.
Се вчитува....