11:07 - 2 ноември, 2026

(Фото) Ново огласување на сопругата на Милош Биковиќ: Еве што прави неговата избраничка по неговиот отказ

Актерот Милош Биковиќ ја загуби улогата во серијата „Белиот лотос“ откако Министерството за надворешни работи на Украина го обвини дека поддржува геноцид.

Ова предизвика остри реакции во српската јавност, а многумина беа разочарани бидејќи се надеваа дека Милош Биковиќ ќе биде еден од првите актери од нашите простори кој ќе постигне толку голем успех.

Семејна оаза на мирот

Поддршката за актерот не престанува, а неговата оаза на мирот моментално е неговото семејство, кое го сочинуваат неговата избраничка Ивана Малиќ и нивниот син Василије Биковиќ.

Иако се трудат својот приватен живот да го држат што подалеку од очите на медиумите, тие им дозволуваат на обожавателите да ѕирнат во нивното семејно катче. Така згодната Ивана сподели фотографија од нивниот наследник кој се роди пред неколку недели.

На фотографијата можете да го видите малиот Василије како дреме во количката, додека мама Ивана се грижи за него.

Фото: Скриншот

Ивана застана до Милош

Потсетуваме, Ивана Малиќ веќе се огласи по веста за отказот од серијата „Белиот лотос“.

Таа беше тажна поради одлуката на „Ејџ-би-о“ да го отстрани Милош од серијата, па се огласи на својот инстаграм-профил.

„Се чини дека американските компании се плашат да застанат зад нивните одлуки . Жал ми е за тебе ‘Ејџ-би-о’“, напиша Малиќ.

Фото: Скриншот

Слични објави

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.

Здравко Чолиќ се прости од Мишо Ковач со емотивна порака: „Сите ние почнавме со твоите песни“

Еспресо

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Крцкави лиснати печива со сирење и сланина — вкусни залчиња од само неколку состојки

К.С.

Дневен хороскоп за 2 ноември: Биковите ги очекува пријатно изненадување, а Скорпиите ќе донесат важна одлука

К.С.

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.
Се вчитува....