12.8 C
Скопје
00:30 - 30 октомври, 2026

ПОЧИНА АКТЕРКАТА МАЈДА ТУШАР

Актерката Мајда Тушар почина вчера во Скопје на 72 години, соопшти нејзината матична куќа Драмски театар. Тушар беше членка на ансамблот на Драмски од 1972 до 2015.

„Со неизмерна тага ви соопштуваме дека утрово почина нашата драга колешка и актерка“, стои во објавата.

Мајда Тушар (родена на 24 јуни 1950 година) дипломираше актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучи во тековниот репертоар на театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.


Меѓу најпознатите театарски улоги по кои ќе ја паметиме се Рут во „Дејството на гама зраците врз сенишните невени“, Лисјена во „Болва во уво“, Дафина во „Јане Задрогаз“, Неда во „Црнила“, Ленче во „Ослободување на Скопје“, Орсолина во „Рибарски караници“, Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“, Клодија во „Тетовирани души“, Кристина во „Сили во воздухот“, Медеја во „Медеја“ и многу други.


Мајда остави голем белег и во македонската кинематографија со улогите Анѓа во филмот „Истрел“, Даница во „Парадоксот на Диоген“, Босилка во серијата „Наши години“, Маре во филмот „Оловна бригата“, Кони во серијата „Наше маало“…

Актерката беше добитничка на престижната награда „Св. Климент Охридски“ за исклучителен придонес во областа на театарот. Ја доби наградата за актерка на годината за нејзиното толкување на ликот Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“, за истата улога ја освои и наградата „Војдан Чернодрински“…

Слични објави

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.
Се вчитува....