Кога станува збор за македонската традиција и домашната кујна, Адријана Алачки е меѓу оние што со посебна љубов ги негуваат старите рецепти и вкусови. А овојпат, наместо пред камерите и со кулинарските совети, ја видовме во едно поинакво издание – покрај казанот, со дрвената лажица в рака и подготвена да ги покаже своите вештини во мешањето ајвар. Алачки беше дел од манифестацијата „Ајваријада“, каде што традицијата повторно се почувствува и преку мирисот на печени пиперки и домашен ајвар.

