10.8 C
Скопје
19:41 - 25 април, 2024

За да се ослободите од масните наслаги, ВНИМАВАЈТЕ ШТО ЈАДЕТЕ!

Телесните масти се таложат главно на подрачјето на стомакот, на градите, на бутовите и на задникот. Примарната причина за формирањето на масните наслаги е погрешната исхрана, газираните пијалаци, брзата храна, пржената и преработената храна, но и стресот поради кој и посегнувате по овие „лоши“ задоволства.

Експертите се согласуваат дека количината на скриени масти (оние што се наоѓаат под кожата и не се видливи) на подрачјето на стомакот, се тесно поврзани со одредени болести, па освен што нема да можете да ги закопчате панталоните, може да страдате и од посериозни проблеми, какви што се:
– дијабетес
– болести на масен црниот дроб
– висок холестерол
– рак на дојка
– воспаление на панкреасот

Mерење на обемот на половината

Можете да заклучите колку масти имате ако ја измерите половината. Научниците тврдат дека обемот на половината е најдобриот показател на должината на животниот век. Според една студија, жена висока 1,60 см би требало да има обем на половината од 80 см. Маж висок 1,80 м би требало да има обем на половината од околу 90 см. Поголем обем на половината значи и поголем ризик од смрт. Наводно, доволно е 15 см поголем обем на половината за животот да ви биде пократок за две години.

Јаболковиот оцет нема да помогне

Иако може да се користи за различни намени, губењето на масните наслаги не е едно од нив, и покрај тоа што многумина тврдат дека е така. Истражувањето дало надеж дека помага при слабеењето, но нема научни докази дека јаболковиот оцет има влијание врз губењето на килограмите кај луѓето.

Не обвинувајте го пивото

Многумина веруваат дека честото пиење пиво е одговорот на прашањето од каде потекнува стомакот. Но, иако овој пијалак има многу калории, тоа не значи дека ќе влијае врз таложењето на маснотиите на подрачјето на стомакот.

Вистината за рибиното масло

Долго се сметаше за добар додаток за здравјето на срцето, а се наведува и дека помага во контролата на триглицеридите. Дали помага кај маснотиите на стомакот? Не многу. Не се пронајдени докази дека рибиното масло влијае врз губењето на маснотиите.

Како килограмите влијаат врз здравјето на коските

Долго време постоеше врежано верување дека поголемата тежина е добра за коските, затоа што тоа ги прави силни и ги заштитува од повреди. Но, неодамнешните истражувања покажуваат дека тоа баш не е вистина, а една студија покажала дека вишокот маснотии во пределот на стомакот влијае врз слабеењето на коските.

Заменете ги соковите со зелен чај

За да се ослободите од масните наслаги, внимавајте што јадете – многу зеленчук, помали порции и помалку нездрава храна. Доволен број студии потврдуваат дека зелениот чај е добар за топење на маснотиите, но резултатите од истражувањето се далеку од сигурни факти. Едно е сигурно, засладените пијалаци се полни со калории, затоа избегнувајте ги.

Слични објави

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо
Се вчитува....