7.8 C
Скопје
10:39 - 18 февруари, 2026

ЗАКРЕПНУВАЊЕ ПО ОМИКРОН: Колку време по инфекцијата може да се вратите на вежбање и физичка активност?

Ако сте и вие во борците паднати по покосот на Омикрон можеби барате многу потребен ендорфин. По една недела лежење во кревет и мизерувањето, се чувствувате доволно ведро за да вежбате од дома или пак размислувате да одите на трчање или да возите велосипед.

Без разлика во која фаза на закрепнување сте, прашањето е: Колку долго по добивањето на Ковид треба да се вратите на вежбање?

Со настинки и грип, сосема е очигледно кога е време да се продолжи со секојдневниот живот – обично се будите едно утро и се чувствувате подобро. Но, особено со Ковид и со варијантата Омикрон, би можеле да се чувствувате генерално добро (главоболка и иритиран нос, можеби) и потоа да се појави огромниот замор. Тоа го прави вежбањето многу покомплицирано.

НУТРИЦИОНИСТКАТА МАЈА ВЕЛКОВСКА СОВЕТУВА КАКО ПОЛЕСНО ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОМИКРОН И ВИРУСИТЕ: Во текот на пандемијата се претера со несоодветна употреба на лекови и суплементи

Д-р Амал Хасан е консултант за медицина за спорт и вежбање, која неодамна објави водич за враќање на вежбање по блага до умерена инфекција. Таа препорачува секој да земе најмалку 10 дена последователен одмор по првото позитивно тестирање и да има најмалку седум дена без симптоми пред да се обиде да вежба. И кога на крајот ќе почнете повторно да се движите, тоа треба да се направи на „постепен начин“. Тоа значи „да можете да поминете нормален ден пред да започнете со активност со мал интензитет и потепено да наголемувате“, вели таа.

ФОТО. Unsplash

Џени Џонс која е личен тренер препорачува „да започнете со бебешки чекори и постепено да наголемувате. Започнете со истегнување или нежни активности како јога или пешачење. Потоа, додека се чувствувате посилни, можете да почнете да го зголемувате пулсот. Работете на бавно и стабилно подобрување и не се напрегајте премногу брзо“, пишува „Stylist“.

Д-Р СВИФТ ОД КЛИНИКА „МАЈО“ ИМА ВАЖНИ СОВЕТИ ЗА БОРБА СО ОМИКРОН И КОРОНА: Само при овие симптоми побарајте лекарска помош, инаку останете дома и лечете се сами со овој едноставен рецепт!

Слични објави

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо
Се вчитува....