07:51 - 13 ноември, 2026

РОБИ ВИЛИЈАМС СО ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ: „Сакаа да ме убијат, најмија платен убиец!“, „Екстремната слава и успех ми донесоа анксиозност, депресија и ментална болест!“

Во интервју за Мирор, пејачот Роби Вилијамс неочекувано отворено се „исповедаше“ а со тоа предизвика страв кај фановите.

Британскиот кантавтор и шоумен Роби Вилијамс се смета за еден од најпознатите уметници на сите времиња. Тој ја започна својата кариера во раните 90-ти како член на бендот Take That, од кој се раздели неколку години подоцна. Всушност, во 1995 година, пејачот ја започна својата кариера како солист. Неодамна даде интервју за Мирор во кое се наврати на почетоците на кариерата.

Вилијамс рече: „Станав познат кога имав 17 години, направив бенд кога имав 16 години, а бендот стана многу популарен“.

А потоа продолжи: „Кога имав 21 година го напуштив бендот и започнав соло кариера, продадов 80 милиони албуми. Го држев рекордот за најмногу продадени билети во еден ден за турнеја “. Сепак, пејачкот објасни: „Екстремната слава и успех ми донесоа анксиозност, депресија и ментална болест“.

Познатата британска ѕвезда, откако проговори за својата кариера, направи навистина шокантно откритие: „Сакаа да ме убијат, најмија некој да го направи тоа. Се спасив благодарение на некои пријатели. Тоа се невидливите работи што се случуваат кога ќе станеш познат“. Роби Влијамс изјави дека бил мета на сериски убиец: „Сакав да одам на нормални места, но не можев бидејќи сакаа да ме убијат. Беше потребно време да го прифатам тоа“.

Во интервјуто за Мирор, британската ѕвезда ја кажа и другата страна на паричката од славата. Имено, славата често води до откажување на приватноста и пред се ја изложува ѕвездата на разни опасности. Роби Вилијамс призна: „Во еден момент од мојот живот бев познат, познат во стилот на Мајкл Џексон. Дали излегував на вообичаени места? Би сакал, но тоа е ризик. Луѓето сакаат да ме запознаат. А самото размислувањето за тоа всушност ме прави вознемирен.“

 

Слични објави

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.
Се вчитува....