19:57 - 19 август, 2026

Пике сака трето дете, Шакира му подготвува „напад“ на суд

Љубовната врска меѓу Жерар Пике и неговата девојка Клара Киа Марти станува сѐ посилна. Познатиот папарацо Георги Мартин, кој секогаш е добро информиран за случувањата во светот на шоубизнисот, тврди дека Пике наскоро ќе соопшти една многу важна одлука.

-Тоа е нешто за што Шакира и Пике многу разговараа. Двајцата не се согласуваа околу тоа, Мартин потсети на животот на Пике со Шакира, а веднаш стана јасно за што се работи, бидејќи Пике со години зборуваше дека сака трето дете, додека пејачката не сметаше дека тоа е добра одлука.

Според информациите, Пике веќе го известил семејството за желбата да стане татко по трет пат.

-На најблиските им кажа дека сака да има уште едно дете и дека тоа би можело да се случи во 2023 година. Многу е вљубен во Клара. Вели дека сака стабилност со Клара и дека досега не бил толку среќен, додаде Мартин.

Да потсетиме, пред неколку месеци фудбалерот Жерар Пике и пејачката Шакира се разделија после долги 11 години во кои добија два сина. Потоа медиумите шпекулираа за вистинските причини за раскинувањето, а најмногу се споменуваа неверството на Пике и аферите со различни жени. По некое време вистината излезе на виделина, срцето на Пике го освои 23-годишната студентка Клара Киа Марти.

Инаку, Шакира пред некое време изрази желба да се пресели во Мајами со двете деца, но фудбалерот на Барселона не се согласува со тоа.

Магазинот „Marca“ пишува дека Шакира подготвува список со неверствата на Жерар Пике и дека не сака да склучува никаква зделка со него, туку дека ќе оди на суд.

Таа знае дека ако му ги земе децата, ќе му зададе огромен удар, па затоа внимателно го подготвува својот „напад“ на суд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara Chia Marti (@clarachiamar.ti)

Слични објави

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо

(Фото) Лепа Брена целосно непрепознатлива прошета по улиците на Мостар – се појави без грам шминка и очила за вид

Еспресо

Оља Црногорац го покажа телото во бикини по породувањето во 41. година

E.A.

(Фото+видео) Свилен фустан долг 10 метри – Теа Таировиќ прошета на црвениот тепих во Сараево

Еспресо
Се вчитува....