16.6 C
Скопје
01:48 - 3 јуни, 2026

Џорџ Клуни за Трамп: Таков „тип“ не треба да биде претседател

За време на интервјуто со водителот на Си-Ен-Ен, Крис Валас, што се емитуваше во петокот, актерот Џорџ Клуни го осуди поранешниот претседател Доналд Трамп и се потсети на ситуации од пред дваесет години кои покажуваат „каков е тој“.

Клуни, кој минатата година го нарече Трамп глупак, рече дека во неговиот именик го има телефонскиот број на Трамп и се присети на некои разговори што ги водел со поранешниот претседател.

-Тој беше од оние типови што доаѓаат во баровите и се распрашуваат која келнерка е слободна, таков е – рече Клуни.

Актерот ја спомна можноста за соочување меѓу претседателот Џо Бајден и Трамп на изборите во 2024 година, а подоцна додаде дека „тип“ како Трамп не треба да биде претседател.

-Верувам дека нашата демократија ја плати цената во целиот свет. Загрижен сум поради можноста тој повторно да биде претседател. Мислам дека дојдоа времиња кога ни требаат интересни кандидати на сите страни – изјави тој во интервјуто.

Актерот смета дека борбата меѓу Бајден и Трамп не е толку извесна како што сметаат некои луѓе. Бајден во септември за изјави дека има намера повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, но додаде дека тоа сѐ уште се разгледува, односно не е сигурно дали навистина ќе се кандидира.

Трамп, исто така, сè уште официјално ги нема објавено своите планови за 2024 година, иако во своите изјави навести дека постои можност да се кандидира за втор мандат, пишува „Yahoo News“.

Водителот го праша актерот и колку е загрижен за американската демократија, а тој одговори дека многу е загрижен поради „огрубувањето на Америка“, односно трендот да се биде нељубезен кон секого.

-Сето тоа е доста загрижувачки – заклучи Клуни.

Слични објави

(Фото) Семејна идила – Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат заедно, позираа со најстариот син

Еспресо

Исповед на Сенида: Зад рефлекторите и сцената, јас сум само жена која му верува на своето срце

Е.А.

(Фото) Вулгарни навреди за сопругата и ќерката на Миро Кацаров, водителот се огласи лут

Еспресо

Неда Украден откри дека би простила неверство: „Не е реално да се сака само една личност“

Еспресо

Ана Бекута скршена од тажната вест, се обрати до семејството на Халид Бешлиќ

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ужива на Истра – ги истакна облините во минијатурно бикини

Еспресо
Се вчитува....