23.8 C
Скопје
13:48 - 29 септември, 2026

Од што е болен Морган Фримен? Ракавицата што ја носеше на СП ја откри тајната за несреќата на актерот

Светското првенство во Катар го отвори актерот Морган Фримен. Поради болест, на церемонијата присуствуваше со ракавица.

Пред почетокот на Светското првенство и воведниот натпревар меѓу Катар – Еквадор, свеченото отворање на турнирот се одржа на стадионот Ал-Бајт во градот Ел-Каур. Ѕвезда на шоуто беше 85-годишниот актер Морган Фримен, добитник на наградите Оскар и Златен глобус.

За време на церемонијата, Фримен изведе трогателен дијалог со Ганим Ал-Муфта, познато момче во Катар кое е родено без нозе, но стана светски познат параолимписки спортист.

Појавувањето на актерот на свеченото отворање на Светското првенство во 2022 година беше изненадување, зашто претходно не беше објавено.

Во својот говор, Морган Фримен им се обрати на навивачите: „Фудбалот ги обединува нациите и нивната љубов за убава игра. Она што ги обединува нациите ги обединува и заедниците. Сите сме собрани овде во едно големо племе“.

За време на церемонијата можеше да се забележи ракавица на левата рака на актерот – Фримен ја повредил раката во несреќа, по што и тој се разболе од фибромијалгија.

Фибромијалгија е неизлечива болест во која пациентите доживуваат силна мускулно-скелетна болка без позната причина. Научниците сè уште не утврдиле што предизвикува фибромијалгија. Нејзината појава е поврзана со генетиката, бидејќи се јавуваат фамилијарни форми на болеста.

Фримен развил знаци на фибромијалгија во 2008 година по сообраќајна несреќа во која за чудо преживеал. Актерот заспал на воланот и излетал од автопатот, а неговиот автомобил се превртел неколку пати. За да го извлечат Фримен од автомобилот, спасувачите морале да го исечат металот.

Во таа несреќа тешко е повредена неговата лева рака. Фримен постојано носи ракавица за компресија за да се бори против екстремната болка.

Поради болест, Фримен одбил да управува со јахта и авион, престанал да вози и автомобил.

„Можам да правам други работи, да најдам други приоритети. Играм голф и среќен сум само со фактот дека можам само да одам “, рече актерот за тоа како го променил својот живот по почетокот на болеста.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....