04:14 - 9 ноември, 2026

Нова бура во животот на Тања Савиќ: Поради момчето менува вера

Пејачката Тања Савиќ наводно решила да премине во ислам поради нејзиниот вереник Мухамед Муки Бешиќ, пилот кој живее во Америка и е 11 години помлад од неа.

Поради него решила да ја смени верата, пренесуваат српските медиуми, па според исламските обичаи ќе се омажи за својот избраник.

Кога го слушнала тоа нејзината мајка, ги изгубила нервите, а се зборува дека ја избркала Тања од дома, и дека повеќе не сака да слушне за неа, пренесува српски Пинк.

Бидејќи Тања се уште официјално не е разведена, пејачката за време на бракоразводната постапка размислувала да премине во ислам, за да нема проблем да се омажи за Муки. Наводно Тања планира заедно со децата да се пресели во Америка и да добие американско државјанство благодарение на бракот со Бешиќ.

Се коментира, според српските медиуми, дека ниту неговите родители не се најсреќни поради неговиот избор, а згора на тоа, во целата љубовна драма се вмешал и сопругот на Тања, Душан Јованчевиќ, кој не сака да и даде развод на пејачката и не сака да ја прифати веста дека неговата сопруга се верила.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....