23.8 C
Скопје
14:50 - 29 септември, 2026

Ноеми бремена од Франческо Тоти? Но, прво потпишување на договорите за поделба на финансиската империја на поранешните сопружници

Новата придружничка на поранешниот капитен на Рома, кој е тазе од разделбата со Илари Блази, очекува дете (четврто за Тоти, трето за неа). Така барем претпоставуваат италијанските медуми.  

Како што објави „Кориере дела сера“, Ноеми Боки, новата партнерка на Франческо Тоти, веројатно е бремена. Ако е вистина, тоа би било негово четврто дете, а нејзино трето.

Поранешниот капитен на Рома, неодамна разделен по дваесет години брак со Илари Бласи, поминува неколку дена одмор во вилата во Сабаудија со децата.

Водителката пак, на „Островот на славните“,  по сафарито во Танзанија во јули, сега е на Доломитите и многу е активна на социјалните мрежи, објавува фотографии од последниот одмор меѓу алпските пејзажи.

Ноеми, пак, има затворен Инстаграм профил. Се знае само дека изнајмила вила во Цирчео, во близина до онаа на Тоти (кој периодов не објавува ништо за приватниот живот). Идејата да не се дозволи да испливаат детали и индискреции  е поврзана со долгата и сложена фаза на правни договори што адвокатите ги затвораат во последните недели поврзани со разделбата на Тоти и Илиари Бласи. Поранешниот број 10 на Рома и неговата поранешна сопруга ќе мора да потпишат договор за поделба на финансиската империја формирана низ годините, составена од недвижен имот, акции и компании, како и договор за старателство на децата Дури по договорени договори, велат најинформираните, Ноеми, односно врската, би можела да излезе во јавност. И веројатно, ако озборувањата се вистинити, таа и официјално ќе објави дека е бремена.

(Фото) Која е Ноеми Боки, новата љубов на Франческо Тоти по разделбата со Илари Блази: Се запознале на падел, се сретнувале тајно среде ноќ…

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....