03:23 - 19 август, 2026

Немал пари за пат да оди на гробот на мајка му, а третата жена го обвини за насилство: Еве како сега изгледа Даниел Поповиќ

Од мегаѕвезда во поранешна Југославија, до социјален случај, пеејачот Даниел Поповиќ навистина има филмска животна приказна.

Даниел Поповиќ се прослави со песната „Џули“, со која во 1983 година, ја претставуваше Југославија на „Евровизија“ во Минхен. Го освои четвртото место, а песната брзо стана мегахит.

Но, потоа, кариерата на црногорскиот пејач кој живееше во Хрватска тргна надолу. На почетокот на 1991 година се појави на последната „Југовизија“ со песната „Дај обуци левисице“ и го освои второто место.

Во 2005 година, пејачот се разведе од сопругата Сандра Петрж, а таа е една од трите негови поранешни жени со која го има синот Доминик. Во својата книга по разводот, таа откри дека поранешниот сопруг ја тепал и сексуално ја злоупотребувал, а исто така и не плаќал алиментација.

Три години подоцна, Даниел изјавил дека среќата ја пронашол во четвртиот брак со сопругата Александра, но и открил дека живеат во Љубљана, од социјална помош.

„Мажот во една врска мора да биде потпора на секое семејство. Во мојот живот, тоа се смени. Александра е таа која „ја има онаа работа меѓу нозете“, изјави пејачот во 2013 година.

„Не можам да си го видам своето дете затоа што не плаќам алиментација. Мајка ми почина, не можев на гробот да ѝ отидам затоа што немам пари за пат до Црна Гора, на гроб на татко ми не сум му бил затоа што немам пари“, рекол Даниел Поповиќ во една прилика.

Даниел потоа се најде во центарот на скандал кога го тужеше Б.Г. од Загреб поради објавата на Фејсбук од 2023 година.

Имено, дамата сподели интервју што пејачот го даде за хрватски портал, а со објавата напиша:
„Крадец, измамник, ужасен сопруг, лош татко. Не знам како изгледа во огледало и не повраќа на себе“, додаде таа емотикони што симулираат гадење. Поповиќ изјави на суд дека дамата со оваа објава ги охрабрила другите луѓе да го мразат.

Даниел Поповиќ, Фото/ Фејсбук

Популарниот хрватски новинар и водител Далибор Петко во неговото шоу го поканил Даниел Поповиќ кој ги испеал неговите најголеми хитови како „Џули“, „Био сам наиван“ и други. Поповиќ изгледа дека ги надминал проблемите па гостувајќи во емисијата „Евергрин“ се појавил со имиџ сличен како во 1980-години и може да се види дека на 70 години добро се држи.

Даниел Поповиќ, Фото/ Фејсбук

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....