9.8 C
Скопје
18:52 - 26 октомври, 2026

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид им се извини на браќата Барбаровски и на македонската јавност откако песната „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече стара бугарска песна.

Во обраќање на Инстаграм, Давид објасни дека првпат ја слушнал песната во Бугарија и дека бил убеден оти станува збор за обработка на бугарска песна.

„На сите од Македонија им благодарам што ми пишавте и што ми објаснивте. Им се извинувам на браќата Барбаровски, кои ја напишаа песната, за која бев убеден дека е обработка на бугарска песна. Јас првпат ја слушнав таа песна во Бугарија. Еве, и јас имам една информација што не ја знаете, а тоа е дека таа песна е препеана од еден пејач. Јас пред година и пол првпат ја слушнав таму и немав поим. Браќа Барбаровски, се извинувам. Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија, така што секому му се поткраднува грешка“, рече Давид.

Музичарот на тој начин се извини за својата изјава, објаснувајќи дека песната ја слушнал во Бугарија пред околу година и пол и дека не знаел дека станува збор за песна на браќата Барбаровски.

Коментирајќи го настапот на кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, која ја испеа „Дали чекаш стара мајчице“ во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе Давид рече дека песната е обработка на стара бугарска песна. „Првата песна од Гоце е обработка од стара бугарска песна, која има многу крв во себе“, изјави тој. Неговиот коментар предизвика реакции во македонската јавност, бидејќи песната е авторско дело на браќата Миле и Ѓорѓе Барбаровски, а Гоце Арнаудов ја изведе на „Фолк фест Валандово“ во 1994 година.

Слични објави

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо

Естетиката на машкиот стил низ спојот на класиката и современите трендови во бутикот „Капитол“

Еспресо

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Еспресо

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо
Се вчитува....