13.8 C
Скопје
15:00 - 26 октомври, 2026

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Драган Илиевски-Вршац, таткото на прерано починатиот пејач Влатко Илиевски, сподели емотивен спомен за својот син, кој и денес живее преку песните и спомените на неговите најблиски, пријателите и публиката.
На Фејсбук, Илиевски сподели објава од 25 октомври 2018 година, со фотографии од настапите на Влатко, со раширени раце пред многубројната публика.
„Ни подари 33 години радост, среќа, љубов, почит, гордост“, напишал таткото на Влатко во објавата од пред осум години, која сега повторно ја сподели.


Влатко Илиевски почина на 6 јули 2018 година, на 33-годишна возраст. Неговата смрт ја потресе македонската јавност, а зад себе остави песни кои и денес се слушаат и потсетуваат на неговата ведрина, енергија и љубов кон музиката.
Музичката кариера ја започна како член на групата „Морал“, а подоцна изгради успешна соло-кариера. Во 2011 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Диселдорф со песната „Русинка“.
Влатко Илиевски испиша и музичка историја како првиот македонски пејач кој ја наполни арената „Борис Трајковски“ со свој концерт, на 5 јуни 2010 година. Неговиот татко Драган во едно интервју раскажа дека и самиот се сомневал дали Влатко ќе успее да ја наполни големата сала, но кога со сопругата пристигнувале на концертот, гледале реки луѓе и автобуси од цела Македонија. Тоа останало еден од најгордите моменти во нивниот живот.
Неговите песни „Со други зборови“, „Најбогат на свет“, „Скитник“ и „Русинка“ останаа дел од македонската музичка сцена.
Иако поминаа повеќе од осум години од неговата смрт, споменот на Влатко не избледува. За неговите родители, секоја фотографија и секој настап се драгоцено сеќавање на синот, а за публиката потсетување на талентираниот музичар и актер кој имаше уште многу што да ѝ подари.

Слични објави

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

К.С.

Есенски појадок за 10 минути — кремаста овесна каша со јаболка, мед и цимет

К.С.

Дневен хороскоп за 26 октомври: Внимавајте на роковите што ги одложувавте

apostolova
Се вчитува....