Хрватската телевизиска водителка и актерка Николина Пишек сподели фотографија направена пред 15 години, која денес е дел од изложбата „Голо тело“ во Загреб. Таа на социјалните мрежи се потсети на фотографијата од 2011 година, која сега е изложена во Националниот музеј на модерната уметност во хрватската престолнина.
View this post on Instagram
На фотографијата Николина позира гола, со голема црна шапка, додека градите ги покрива со портокалова појасна пловка за спасување. Изгледот го надополнила со црни чевли со високи потпетици. Фотографијата е направена на бела заднина, со што вниманието е насочено кон неа и необичниот концепт на фотографирањето.
„Денот кога станав музејски експонат. Фотографирано во 2011 година“, напишала Пишек покрај објавата.
Изложбата „Голо тело“ се одржува во Националниот музеј на модерната уметност во Загреб од 23 октомври до 20 ноември. Во објавата Николина го означила и фотографот Борис Штајдухар, авторот на фотографијата, кому му се заблагодарила што ѝ овозможил ова дело денес да биде дел од музејската поставка.
Објавата предизвика бројни реакции, а следбениците во коментарите упатија комплименти за фотографијата, нејзиниот изглед и стилот.
