11:29 - 15 ноември, 2026

(Фото) Малиот Матијан наполни две години — Филип Кузмановски и сопругата Моника приредија роденденска прослава во тркачки стил

Македонскиот ракометар Филип Кузмановски, и неговата сопруга Моника имаа убав повод за семејна прослава. Нивниот син Матијан го прослави вториот роденден, а гордите родители му приредија тематска забава инспирирана од светот на автомобилските трки.

Судејќи според фотографиите споделени на социјалните мрежи, секој детаљ бил внимателно осмислен. Декорацијата ја сочинувале бели и бордо балони, црно-бели карирани мотиви и тркачки патеки. На централниот панел стоел натписот „Matijan is 2 fast“, симпатична игра на зборови со која бил одбележан вториот роденден на момчето.

Фото: Инстаграм/Моника Кузмановска

Посебно внимание привлекла двокатната роденденска торта, украсена со карирани детали, црвен спортски автомобил и свеќичка со бројот два. Матијан, облечен во беж комбинација со карирани панталони и капче свртено наназад, позирал со родителите покрај тортата.

На фотографиите се забележани и веселите моменти додека Филип го држи синчето во прегратка, а Моника му аплаудира. Малите гости се собрале околу славеникот, додека семејството заедно ја одбележало роденденската пригода.

Фото: Инстаграм/Моника Кузмановска

Да потсетиме, Филип и Моника на 27 август годинава го добија своето второ дете, ќерката Каја. Со нејзиното раѓање, Матијан стана поголем брат.

Во интервју за „Слободен печат“ на почетокот на годинава, Моника раскажа дека Матијан со големо внимание ги следи настапите на својот татко на телевизија.

„Најубаво е кога ќе се појави Филип на екранот, го препознава, се смее, аплаудира, крева раце на гол. Можам да кажам дека нашата репрезентација има навивач плус“, ни откри тогаш Моника.

Сега, неколку месеци подоцна, семејството Кузмановски има уште еден убав спомен за својата семејна архива, вториот роденден на Матијан, прославен со многу насмевки и во друштво на најблиските.

Слични објави

Џина Џиновиќ објави видео во едно од своите највпечатливи изданија досега

Е.А.

(Фото) Наздрави за „четвртина век“ — Јанг Дади го прослави 25. роденден и доби честитки од познатите

К.С.

Појадок што мириса на пита со јаболка — рецепт за крцкав тост со рикота и цимет

К.С.

Хороскоп за 15 ноември: Скорпии, ќе се чувствувате мотивирани за нови работи

apostolova

(Фото) Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ повторно се следат на Инстаграм

Еспресо

Саша Матиќ има мултимилионски недвижности: Поседува вила од 18 век вредна 2 милиони евра, стан во Дипломатското село и во Златибор, а има и бизнис вреден 35 милиони

Еспресо
Се вчитува....