10.8 C
Скопје
15:12 - 27 октомври, 2026

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Повеќе од три децении заеднички живот, љубов и споделени спомени – Билјана Дебарлиева и нејзиниот сопруг Јован имаат убав повод за славење. Познатата водителка и нејзиниот животен партнер одбележуваат 32 години брак, а радоста ја споделуваат и со блиски пријатели кои слават 15 години заеднички живот.

Љубовната приказна на Билјана и Јован започнала во Охрид, родниот град на водителката, за време на летен одмор. Таа била на гости кај своите братучетки, додека Јован престојувал кај пријатели од Охрид. Случајната средба прераснала во врска што трае повеќе од три децении.

Во интервју за „Слободен печат“, Билјана откри што најмногу ја привлекува кај сопругот и кои негови особини особено ги цени.

„Тоа што е духовит, дружељубив, креативен, полн со идеи, авантурист. Знае да ме насмее и да ме расположи и во ситуации кога не ми е до смеење, поддршка ми е во секој момент, во секоја ситуација и во секоја моја одлука. Заедно уживаме во животот, во убавата музика, во убавото црвено вино и двајцата имаме искрена, чиста и безрезервна љубов кон животните“, изјави таа.

Довербата е една од важните состојки на нивниот долгогодишен брак. Во друго интервју, Дебарлиева зборуваше за тоа што им помогнало да ја зачуваат хармонијата низ годините. Таа откри дека ниту таа ниту Јован не се љубоморни и дека немале голема брачна криза. Како што објасни, секој брак поминува низ убави, но и низ потешки периоди, а најважно е партнерите заеднички да ги надминуваат предизвиците и да наоѓаат компромиси.

Билјана и Јован се родители на две деца – ќерката Ана и синот Мики. Во ноември минатата година Ана се омажи за Стефан Бошковски, а Јован тогаш ја сподели радоста од семејниот настан со фотографија од свадбата и емотивните зборови: „Си добив уште еден син“.

Зад Билјана Дебарлиева се повеќе од три децении телевизиска кариера. Работела во повеќе телевизии, а публиката ја памети и по здравствените емисии „Визита“ и „Фактор здравје“. И покрај долгогодишното присуство пред камерите, семејството и блиските остануваат важен дел од нејзиниот живот.

Слични објави

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.
Се вчитува....