Пејачката Тања Савиќ повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи со нова заедничка фотографија со својот 11 години помлад партнер, Мухамед Муки Бешиќ.
Заљубениот пар позираше прегрнат пред огледалото во лежерен стил, а нивните насмевки и нежни допири јасно покажуваат колку уживаат во својата љубов.
Заедно со објавата, Тања гордо и интимно рече: „Мојот Мухамед, така го викам“, што предизвика лавина од позитивни реакции.

Иако разликата во годините првично го привлече вниманието на јавноста, двајцата од ден на ден докажуваат дека хармонијата во нивната врска е на прво место.
Следбениците веднаш ја преплација пејачката со комплименти, забележувајќи дека покрај Муки изгледа посреќна и поисполнета од кога било досега.
