10.8 C
Скопје
17:01 - 26 октомври, 2026

(Фото) Сузана Турунџиева сподели фотографии со внукот Јаков: Моменти за кои се живее

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева сподели две фотографии со својот внук Јаков, на кои позираат пред училиште, а на едната фотографија тој нежно ја бакнува во образ.
„Брзај, брзај втораче. Моменти за кои се живее…“, напиша Турунџиева на Фејсбук, покрај фотографиите на кои двајцата се насмеани и прегрнати.
Турунџиева го користи секој момент да ужива во времето поминато со внукот, кој е син на нејзината постара ќерка Лора. Таа и претходно зборувала за големата љубов кон семејството и за тоа колку ѝ значат моментите поминати со најблиските.

Турунџиева, која зад себе има многу животни предизвици, минатата година во интервју за „Слободен печат“ раскажа дека успеала да надмине сериозна здравствена дијагноза, по која почнала поинаку да гледа на животот.
„Во изминатава година од животот добив жолт картон, а не бев подготвена за тоа. Но, истовремено сум многу благодарна што наместо жолт не добив црвен картон и добив шанса да се борам, да се променам, да победам!“, изјави тогаш Турунџиева.
Таа е основачка и диригентка на женскиот хор „Фрида од Македонија“, со кој одржува концерти и реализира хуманитарни активности. Во последниот период активно се занимава и со музикотерапија, одржувајќи часови на инструментот хендпен, чии звуци, како што вели, ѝ помагаат да најде мир и да се ослободи од секојдневниот стрес.

Слични објави

Денеска е полна Месечина во Бик — четири хороскопски знаци ќе бидат особено чувствителни на промените

К.С.

(Фото) Фотографија од Николина Пишек гола, изложена во Загреб: „Денот кога станав музејски експонат“

Еспресо

Ни подари 33 години радост, среќа, љубов и гордост: Таткото на Влатко Илиевски со емотивно сеќавање на својот син

Еспресо

Теа Таировиќ итно оперирана – пејачката била примена во болница во тешка здравствена состојба

Еспресо

(Фото) Заљубени до уши – Тања Савиќ покажа колку ужива со 11 години помладиот свршеник

Еспресо

Билјана Дебарлиева и сопругот Јован слават 32 години брак: Водителката откри што најмногу цени кај него

Еспресо
Се вчитува....