13:47 - 10 ноември, 2026

Салата од моркови со лук и јогурт – кремаста, освежителна и готова за 10 минути

Оваа салата е инспирирана од турскиот специјалитет „хавуч таратор“. Се подготвува со неколку едноставни состојки, а одлично оди со печено месо, компири или како лесен оброк со парче леб.

Состојки

  • 4 средни моркови
  • 200 г густ јогурт или кисело млеко
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • Сол по вкус
  • Малку свеж копар или магдонос
  • 2 лажици сечкани ореви (по желба)

Подготовка

Излупете ги морковите и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Во тава загрејте го маслиновото масло и кратко пропржете ги морковите додека малку не омекнат. Оставете ги целосно да се изладат.

Во сад измешајте го јогуртот со ситно сечканиот лук и солта. Додајте ги изладените моркови и промешајте додека не добиете кремаста смеса.

Одозгора наросете копар или магдонос, а по желба додајте и сечкани ореви. Пред послужување оставете ја салатата кратко во фрижидер.

За полесна и покрцкава верзија, морковите можете да ги користите свежи, без пржење. За погуст и покремаст вкус употребете грчки јогурт.

Слични објави

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

На овој чоколаден колач со јаболка тешко дека ќе можете да му одолеете – не содржи ни јајца ни млеко

Т.Ц.

Што да јадете за подобра меморија? Овие намирници можат да помогнат во зачувувањето на здравјето на мозокот

К.С.

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

Т.Ц.
Се вчитува....