07:04 - 20 април, 2026

На Ким Кардашијан ѝ олесна по разводот: „Отсега ќе ми биде полесно“ – извор открива зошто

Бизнисменката и реалити ТВ ѕвезда Ким Кардашијан изјави дека е среќна поради договорот за развод со поранешниот сопруг Канје Вест, пренесува People.

Инсајдер близок до Ким Кардашијан изјавил за Пипл дека ѕвездата „почувствувала огромно олеснување“ кога таа и Канје Вест конечно се договориле за развод.

„Ким не сакаше случајот да оди на суд. Но, таа и Канје имаа премногу несогласувања, особено околу прашањата за старателството над децата. Сега, на Ким ѝ олесна – драго ѝ е што Канје се согласи со нејзините барања, на кои тој се спротивставуваше во минатото. И таа верува дека во иднина ќе можат мирно да ги воспитуваат своите заеднички деца “, рече тој.

Инсајдерот додаде дека иако поранешните сопружници подеднакво го поделиле старателството над децата, главен старател е Ким Кардашијан.

„Таа и Канје постигнаа договор дека за сите проблеми ќе се разговара насамо, без да бидат јавно објавени. Пред сè, за доброто на децата. Ким се надева дека заедничкото родителство ќе биде малку полесно од сега па натаму“, објасни тој.

(Фото)„Дом без душа“: Ким Кардашијан покажа детали од нејзиниот дом, фановите не баш задоволни од вкусот на старлетата

Слични објави

(Фото) Славење во домот на Неда Украден: „Ти си моето најголемо богатство“

Еспресо

Карактерот и душевната состојба се огледуваат и во положбата во која спиете

Т.Ц.

Неделен хороскоп: Биковите се подготвени за љубовни авантури, Вагите можеби ќе добијат унапредување

Т.Ц.

Кој е мистериозниот „Џан“? Фановите убедени дека Карлеуша е во врска со турскиот заводник

Еспресо

(Видео) „Чукај, чукај“ во ново руво – Антониа Гиговска и Благица Павловска ја објавија дуетската песна!

Еспресо

Детали за инцидентот – Сопругата на Марко Булат викала во станот, полицијата реагирала по повик од сопругот

Еспресо
Се вчитува....