32.8 C
Скопје
19:44 - 20 август, 2026

„На 11 март Рибља Чорба во Скопје, ги враќаме и ретро забавите“: Разговор со Мартин Анѓеловски, сопственик на „Мусандра“

На 11 март во ноќниот клуб „Мусандра“ ќе гостуваат легендарните „Рибља Чорба“ и со нив се отвора „сезоната“ на големо враќање на ретро забавите.

Разговараме со Мартин Анѓеловски, сопственик на култниот ноќен клуб „Мусандра“. Анѓеловски е дел од скопскиот ноќен живот долги години, и одлично го познава вечерниот пулс на градот.

– Начинот на забава се менува со текот на годините, секоја генерација има различни гледишта и вкусови, но сепак, желбата за добра забава е секогаш присутна. Секогаш има потреба од ноќ исполнета со смеа, пеење, добра музика и пијалок. Сепак, Скопје сè уште може да се пофали со квалитетен ноќен живот, иако многу работи се изменија со пандемијата, но се враќаме во нормалните текови со сигурност – објаснува Анѓеловски.

Предизвиците како сопственик на ноќен клуб се бројни.

– Како и секоја работа и оваа бара посветеност, внимание и труд. Мора да си постојано со нови идеи и проекти, да организираш настапи на различни изведувачи и бендови за да се опфати сечиј вкус во однос на музиката. Потребно е искуство и во односот со гостите, сепак тоа се различни индивидуи со различни карактери и различно однесување и треба да знаете со сите како, но и да сте коректни и да им обрнете внимание. Добро е што проблематичните гости се сè поретки, оние кои ќе се опуштат малку повеќе со алкохолот па ќе предизвикаат некаков инцидент, но тоа е навистина веќе реткост што е добро – додава Анѓеловски.

Но, што е она што ја прави „Мусандра“ поинаква од другите ноќни клубови?

Самото име е репер за добра журка уште од времето.

– Искрено, предизвик е да си дел од оваа приказна зашто мораш навистина да се носиш со традицијата на самото име на дискотеката и да ја задржиш таа традиција. Мислам дека „Мусандра“ нуди разновидност и затоа како клуб е  поинаков. Кога велам разновидност, мислам на музиката. Не сме сконцентрирани на еден звук или жанр, туку сакаме да овозможиме забава за сите – објаснува сопственикот и открива дека тоа се постигнува со добра организација. Гостите имаат избор и можност да уживаат во својата омилена музика, без разлика дали е тоа рок, турбофолк или се носталгични по стари добри хитови.

Преку „Мусандра“ во Скопје се враќаат на голема врата и ретро забавите.

– Редно време е, диско музиката е нешто што му недостасува на градов. Хитови кои ќе нè вратат малку назад низ времето и ќе нè потсетат на ноќниот живот во 80-те и 90-те години, зборувам за евергрини од бившите ју- простори и странски хитови од минатиот век. Новитет е и гостувањето на неповторливите „Рибља Чорба“ на 11. март, легендите „во живо“. По нивното гостување, планираме настапи на голем број бендови кои уживаат голема популарност – заклучува тој.

Слични објави

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.

(Фото) „Сестринска моќ“: Наташа и Кристина Беквалац уживаат на луксузна јахта на Миконос

Еспресо
Се вчитува....