20.1 C
Скопје
23:34 - 10 јули, 2026

Меган Маркл за личното искуство со абортусот и за правото на абортус: „Се работи за физичка безбедност на жените“

Во разговорот за одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи историската пресуда Роу против Вејд, војвотката се сеќава на болката од нејзиниот спонтан абортус, ги повикува мажите да го слушнат гласот на жената и објаснува зошто „никој не треба да биде принуден да донесе одлука што не сака да земе“

„Имав спонтан абортус, губењето дете е неподнослива болка. Така, во ноември 2020 година, Меган Маркл преку Њујорк Тајмс го раскажа драматичното искуство што го доживеа неколку месеци претходно. „Искуство кое го доживеале многу жени, но за кое малкумина зборуваат. Разговорот на оваа тема останува табу, полн со неоправдан срам“, заклучила тогаш војвотката, а сега повторно зборува на темата за абортус во миговите кога женит во САД се соочуваат со донесената одлука на Врховниот суд за укинување на можноста за абортус.

Меган, која го доживеала страдањето од абортус, зеде збор и зазеде страна – се разбира – на страната на жените: „Знам како се чувствував“, рече таа за време на разговорот со Глорија Стајнем и Џесика Јелин. „Знам како е да се има директна врска со нешто што расте во вашето тело“.

„Она што се случува со нашите тела е толку личен и длабок факт што може да доведе до тишина, до стигма, многумина се соочуваат со лични кризи. Треба да го нормализираме разговорот на оваа тема“, додаде Меган, откривајќи колку е среќна што ги има Арчи и Лилибет. „Колку повеќе го нормализираме разговорот за работите кои влијаат на нашите животи, толку повеќе луѓето ќе разберат колку е неопходно да се има заштита“.

Од друга страна, „се работи за физичка безбедност на жените“, нагласи таа. „Тоа е прашање и на економска правда, на индивидуална автономија. Никој не треба да биде принуден да донесе одлука што не сака да ја донесе, нешто што е опасно и што може да му го загрози животот. Без разлика дали се работи за жена која не е подготвена да основа семејство или која е во незамислива ситуација, секогаш мора да има слобода на избор“.

Меган исто така ги покани мажите да ги слушнат жените во овој историски момент, „бидејќи одредени одлуки влијаат на односите, семејствата и заедницата воопшто“. Конечно, враќајќи се на ризичните последици поврзани со сензационалната одлука на Врховниот суд, Меган откри дека ќе има жени „присилени да набавуваат апчиња за абортус од нерегулирални аптеки. И што ни кажува ова? Дека нашата физичка безбедност не е важна“.

„Како ние да не се броиме. Но, тоа не е така: жените се важни“.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....