03:37 - 7 ноември, 2026

МЕГАН ГО ДОБИ СПОРОТ СО БРИТАНСКИОТ ТАБЛОИД: Ќе ја преобликуваме таблоидната индустрија

меган маркл

Британскиот суд ја потврди пресудата во корист на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, во спорот против издавачот на весник кој објави делови од нејзиното приватно писмо што го испратила до нејзиниот татко Томас Маркл во август 2018 година.

МЕГАН МАРКЛ НЕ Е СЕКОГАШ ИСКРЕНА: 10 лаги со кои го измами светот!

„Associated Newspapers Limited“, меѓу другите, е издавач на таблоидите „Daily Mail“ и „Mail on Sunday“, а нивната веб-страница „MailOnline“ има повеќе од два милиони посетители дневно.

Издавачите поднеа жалба за првичната пресуда во мај оваа година, која исто така беше во корист на Меган Маркл. Во пресудата се вели дека е разумно да се очекува војвотката да има приватност, на што се спротивстави издавачот на таблоидот. Но, Апелацискиот суд во четвртокот ја потврди првостепената пресуда.

„Associated Newspapers Limited“ и групата таблоиди, претходно соопштија дека остануваат при одлуката за објавување на делови од рачно напишаното писмо на Меган и енергично ќе го бранат случајот. Меган се огласи во четвртокот, не криејќи дека е пресреќна од пресудата во нејзина корист. Таа истакна дека се надева дека пресудата ќе го промени однесувањето на таблоидите во Велика Британија.

„Ова е победа не само за мене, туку и за секој кој некогаш се плашел да застане во одбрана на она што е исправно. Иако оваа победа е преседан, најважно е што сега сме доволно храбри заедно да ја преобликуваме таблоидната индустрија која уценува и бара од луѓето да бидат сурови, а профитира од лагите и болката што ги произведуваат“, рече Меган.

Нејзиниот адвокатски тим играше лукаво во овој процес. Тие пред судот тврдеа дека писмото на Меган е дело заштитено со авторски права бидејќи е напишано рачно, а не на компјутер и дека никој не ѝ помогнал да го состави писмото и дека Меган затоа има авторски права, а таблоидот го објави писмото без нејзина согласност.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....