29 C
Скопје
12:43 - 16 јуни, 2026

(ФОТО) ПРАЗНИЧНИ ИДЕИ ЗА ПОДАРОК: Наставничката Благица изработува украси топли како прегратки

Кавадарчанката Благица Николова, наставничка во основно училиште, има креативно хоби. Со декупаж техника се занимава релативно кратко време, две години, но веќе импресионира со нејзините творби. Вели дека сè започнало откако за нејзниот дом почнала да изработува декоративни садови за кактуси и други сукуленти. Потоа, ги објавила нејзните изработки во една Фејсбук група и луѓето почнале да ја прашуваат дали се за продажба и побарале да им направи такви садови. Денес си има и своја Фејсбук страничка на која ги претставува своите дела. 

(ФОТО)ЛИДИЈА ИЗРАБОТУВА ЦРКВИЧКИ И КУЌИЧКИ ОД ДАРОВИТЕ НА ПРИРОДАТА: Минијатурни дела кои го бележат македонското време!

Благица е самоука.

– Техниката декупаж ја научив од интернет, пробав и успеав!- искрена е таа.
Минатата година пак, пред новогодишните и божиќните празници добила идеја да проба да изработува новогодишни и божиќни сетови, од свеќници, декоративни шишиња и чаши до божиќни чинии…
Сепак, најмногу е исполнета кога ги изработува иконите. Вели, ги работи со љубов и душа.
На прашањето колку време ѝ е потребно за изаботка на едно дело, ни одговара:
– Секое дело се изработува во различен временски интервал. Зависи од големината, од тоа дали станува збор за сет или за еден предмет. Еден ден се лепи сликата, се лепат и салфетките, потоа се лакира и потребен е уште еден ден за да се исуши лакот. На крајот се завршува со декорација.
Освен декупаж други техники не користи.
– Со оглед на тоа што ни претстојат многу убави празници, моментално работам на иконите Св. Никола, Св. Атанасиј, Пресвета Богородица и Св. Петк, кои, воедно се и најбарани.
Но, тука се и неизбежните новогодишни и божиќни сетови, свеќници, шишиња за вино, декорирани чаши во празнична атмосфера…Убавина за душата и очите.
Според Благица, идеален подарок за Нова Година и Божиќ се декоративните чинии со зимски и божиќни мотиви, како и сетот со шише и чаши кои остануваат убав спомен.

Инаку, Благица е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

(ФОТО) САНДРА РАЧНО ИЗРАБОТУВА ЧЕВЛИЧИЊА ЗА БЕБИЊА И ДЕЦА: Кожени моделчиња со карактер и емоции

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА:

ВЛАТКО МИТРЕВСКИ, МАХЕР ЗА ДРВЕНИ МАЈСТОРИИ КОРИСНИ ЗА ДВОРОТ И ДОМОТ: Сон ми е да изработам маса само од дрво, без ниеден штраф!

ФОТО -ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Астропрогноза за лето 2026: Еден знак ќе ја пронајде љубовта, а друг ќе си го смени животот од корен

Т.Ц.

Српскиот „Дон Жуан“ на 46 години се ожени во тајност и доби дете

Еспресо

Ема Радујко заврши на суд – колега тврди дека му должи 4.500 евра

Еспресо

Денес воодушевува со својот вокал, но малкумина знаат дека Теа порано работела како автомеханичарка

Т.Ц.

„Мојот сопруг не е Супермен!“: српската инфлуенсерка која е во брак со голманот на Курасао остро им се обрати на „хејтерите“

Т.Ц.

Сузана Манчиќ ќе стане баба! Најпознатата „лото девојка“ во регионот не ја крие среќата: „Пресреќна сум!“

Еспресо
Се вчитува....