16:16 - 8 ноември, 2026

Марија Шерифовиќ насамарена од „бедниот“ Мустафа: Момчето е алкохоличар и измамник, а глумел сиромав

Шерифовиќ во јуни минатата година го посети Мустафа, а потоа побара од него само едно – јавно ветување.

Минатата година во медиумите се појави видео за Мустафа, како живее под мост, нема храна и заработува како уличен музичар, токму затоа Марија реши да му го промени животот, а сега се прошири веста дека е избркан од станот во кој му ја платила киријата, а сопственикот на станот изјавил дека е измамник.

принтскрин

Таа наведува дека снимањето на Мустафа под мостот е чиста глума, со која сакал да добие сожалување и донации од луѓето.

Таа го окарактеризира Хрустиќ како безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажа и дека е многу неуреден и дека е лага каде што сега живее со сопругата и нејзините три деца.

Инаку, Шерифовиќ го посети Мустафа во јуни минатата година и тогаш од него побарала само едно – јавно ветување.

– Денес ќе биде убав ден за едно момче. Ова момче барем некое време ќе живее подобар живот – изјави та лани на својот блог, а кога го запозна изјави и што треба да исполни тој за возврат.

-Треба да ми ветиш дека засекогаш ќе останеш чесен, дека засекогаш ќе останеш доблесен, дека секогаш ќе ја почитуваш секоја личност, дури и оној што ти прави нешто лошо, ветуваш? – праша пејачката.

Сепак, и покрај тоа што пејачката му уплати долгорочна кирија за стан, му најде работа, го „облече и го среди“, испадна дека Мустафа е само еден обичен измамник.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....