14.8 C
Скопје
22:23 - 4 мај, 2024

д-р Марија Костадиновска: Како да се справите со депресија во зимскиот период?

Д-р Марија Костадиновска, психијатар, дава детално појаснување на есенската/зимската депресија и како да се справите со неа.

Доаѓањето на есента и зимата, тмурното време, раното стемнување и опаѓањето на температурите кај многу луѓе придонесува за појава на промени во расположението. Тие најчесто се поврзани со чувството на тага позната како есенска депресија. Со пристигањето на есента долгите сончеви денови го отстапуваат местото на пократките, посиви денови. Со промената на годишните времиња, многу луѓе доживуваат промени во нивното расположение. Се чувствуваат поуморно од вообичаено, потажно, сакаат да поминуваат повеќе време сами и имаат поголем апетит. Дали оваа промена е нормалнаа и кога е потребна стручна, психијатриска помош?

Најчести симптоми се манифестираат: Со недостаток на енергија и мотивација за извршување на секојдневните рутини; Чувство на непријатност; Чувство на безволност, тага или нерасположение во поголемиот дел од денот, речиси секој ден; Губење интерес за активности во кои некогаш сте уживале; Прекумерно спиење; Зголемена потреба за внес на јагленихидрати, прејадување и зголемување на телесната тежина; Потешкотии со концентрирање; Чувство на безнадежност, безвредност или вина.

Нормално, есенската депресија започнува во есента и продолжува низ зимскиот период, а симптомите постепено се повлекуваат со почеток на пролетта и појава на сончеви денови. Меѓутоа, доколку оваа непријатност опстојува, а симптомите се засилуваат (очајното расположение опстојува со денови и не можете да отпочнете со активности кои вообичаено ги уживате, режимот на спиење и апетит значително се променети, барате утеха и релаксација во алкохол или се чувствувате безнадежно или размислувате за самоубиство) неопходно е да се побара стручна помош од областа на менталното здравје, со доктор психијатар.

Активности кои помагаат да се справите со есенската депресија

Општо земено, есенската депресија е привремено нарушување со кое можеме да се бориме доколку спроведеме низа активности кои ќе ни помогнат да се справиме со оваа сезонска промена на попозитивен начин.
– Направете ја вашата околина посончева и посветла
– Не останувајте дома, во затворено
– Спијте доволно
– Внимавајте на исхраната: Обидете се да јадете здрави и избалансирани оброци. Вклучете во исхраната мешунки, житарки, месо и зеленчук кои обезбедуваат железо и го зајакнуваат организмот. Јаткастите плодови се уште еден добар сојузник кој ќе помогне да ги зголемиме резервите на енергија. Наместо тоа, држете се настрана од производи од рафиниран шеќер и едноставни јагленихидрати. Важно е да внесувате и соодветни витамини и минерали за надополнување на резервите. Ние ги препорачуваме микронутриентите од „Ортомол Витал“.

Отворете ги ролетните, исечете ги гранките на дрвјата што ја блокираат сончевата светлина или додавајте покривни прозорци во вашиот дом. Седнете поблиску до светлите прозорци додека сте дома или во канцеларија.

Интензивирајте го вашиот социјален живот, дружете се и опуштете се

Обидете се да испланирате собири со семејството и пријателите. Ова ќе ве спречи да се исклучите од општествениот живот и ќе ја намали вашата тенденција за самоизолирање. Практикувајте ги оние активности кои најмногу ви се допаѓаат, било тоа да е читање книга, слушање музика или сликање. Доколку ги следите овие совети, ќе можете да им пркосите на овие симптоми на нерасположение и депресија кои се поврзани со есента. Соочете се на поинаков начин со оваа сезона, уживајте во неа и успешно надминете го овој период од годината.

Тимот на Клиничката болница „Жан Митрев“ Ви стои на располагање. закажете го вашиот преглед или навремена консултација на 02/3091-484.

 

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....