31.8 C
Скопје
14:32 - 9 септември, 2026

Лепа Брена останала гладна и жедна на својата свадба: „Нарачавме триста литри вино, веднаш „отидоа“ шишињата“

Лепа Брена за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ се присети на својата свадба раскажувајќи неверојатни факти.

– Се сеќавам дека Боба ни ја организираше целата свадба. Имавме пријатели од цел свет, Австралија, Америка, Канада, се сеќавам, тој нарача кавијар и шампањ од Холандија. Имаше едно од моите омилени вина, „Матеус“ што го пиев. Се сеќавам дека тогаш нарача 300 литри од тоа вино, за сите наши гости, кои беа 650. Во првите 45 минути отидоа сите 300 шишиња од тоа вино, јас воопшто немав време да го пробам. По свадбата почнаа да ни крчат цревата. Го прашувам дали нешто испил, а тој вели дека ништо ниту јадел ниту пиел. Па првпат нарачавме некаков појадок од некаде за да јадеме – објасни Брена во емисијата, а потоа открила како успеале да ја зачуваат својата врска преку три децении.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

– Нашиот приватен живот е многу транспарентен. Немаме некои големи тајни. Кога сме дома, не сме Лепа Брена, ниту светски познат тенисер. Јас сум домаќинка, мајка, иако не сакам да се занимавам со некои домашни работи. Понекогаш се случува да зготвам нешто, иако кога го нема Боба, затоа што тоа не му се допаѓа, бидејќи јас готвам на вода, диетално, без сол и масло и слично. Од него научив многу работи да готвам. Ние сме брачен пар кој за време на растење на децата бевме посветени на семејството – истакна пејачката.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova
Се вчитува....