22.8 C
Скопје
17:06 - 19 октомври, 2026

Лаушевиќ испратен со оваа најтажна песна: „А душата ми остана без своето…“

Актерот Жарко Лаушевиќ денеска во 14 часот на Новите гробишта во Белград беше испратен на вечното почивалиште.

Целата актерска сцена дојде да се прости од саканиот колега и пријател. За Жарко Лаушевиќ актерите донесоа црвени и бели рози, многумина сметаат дека тоа е поради маестралната улога на Жарко на Петар во филмот „Офицер со роза“, кога носеше две рози, едната за Љиљана, другата за Матилда.

Лаушевиќ во вечното почивалиште беше испратен со говор на неговиот колега и многу близок пријател Небојша Дугалиќ, како и со најтажната песна. Станува збор за легендарната песна од југословенската телевизиска серија „Сивиот дом“ од 10986 година „Се што сакам во овој миг“ (Све што желим у овом тенутку). Во серијата, една од главните улоги ја имаше тогаш младиот и блескав глумец Лаушевиќ.

Жарко Лаушевиќ почина на 63-годишна возраст од рак на белите дробови.

Пред збогувањето во 11 часот се одржа комеморација на која бројни колеги му оддадоа почит на актерот.

„Никој да не пуштил солза, Жарко ќе се налути“: Комеморација за Лаушевиќ во Југословенскиот драмски театар

Слични објави

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо
Се вчитува....