02:21 - 8 ноември, 2026

Куќата на Лепа Лукиќ завршила на лицитација поради долгови – следел неочекуван пресврт

Родната куќа на легендарната пејачка Лепа Лукиќ, која се наоѓа во селото Милочај кај Кралево, на јавна лицитација била продадена за околу еден милион динари. Недвижнината, за која пејачката со години истакнувала дека е емотивно поврзана и дека често се враќала таму, завршила на продажба поради ненаплатен кредит на нејзиниот внук Раде Јовановиќ, по што следел пресврт.

Според извор запознаен со случајот, куќата била ставена на јавна продажба бидејќи внукот не вратил заем од 10.000 евра.

– Раде го ставил имотот под хипотека во банка поради кредит кој не го вратил. Долгот потоа го презела фирма од Белград која се занимава со откуп на побарувања. Куќата била продадена според стариот закон за извршување, на првата продажба, за околу 60 проценти од проценетата вредност. Освен куќата, продадени биле и земјиште и една ливада. Сè заедно било продадено за нешто повеќе од милион динари. Имало два понудувачи, а куќата ја купила жена од соседното село – навел изворот.

Кога информацијата стигнала до медиумите, Лепа Лукиќ била шокирана и изјавила дека не знаела дека семејниот дом е изгубен.

– Аууу, дали е тоа вистина? Како одземена, зошто и кој го направил тоа? Како никој не ми кажа… Првпат слушам за тоа. Ќе го прашам внукот – изјавила таа.

Сепак, оваа семејна драма добила среќен крај. Раде успеал повторно да ја врати недвижноста, откупувајќи ја од новата сопственичка, за што во селото многу се зборувало.

– Рекол дека парите ги обезбедила ќерка му која живее во Белгија. Останал да живее во куќата со сопругата, а покрај тоа држат и етно-ресторан – навел извор почетокот на 2022 година.

Интересен детал од приказната е дека во одреден момент во купувањето бил заинтересиран и Кристијан Голубовиќ. Лепа во една прилика изјавила дека би сакала токму тој да ја купи куќата.

– Би сакала Кристијан Голубовиќ да излезе од ријалити за да ја купи куќата во која сум родена – изјавила тогаш пејачката.

Голубовиќ исто така потврдил дека бил заинтересиран, наведувајќи дека сакал да ја купи од хоби и да го зачува местото каде што таа пораснала.

Сепак, продажбата пропаднала кога внукот на пејачката ја зголемил цената, по што Кристијан се откажал од купувањето.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....