10.8 C
Скопје
05:10 - 4 мај, 2024

Кралицата ги покани Хари и Меган Маркл на балконот на Бакингемската палата: ЕВЕ ШТО БИ ПРЕДИЗВИКАЛО НИВНОТО ПРИСУСТВО

Деновиве една неверојатна вест ги изненади жителите на Обединетото Кралство: принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл за првпат од 2020 година отидоа во Виндзор на тајна средба со кралицата Елизабета Втора. По гласините, војводата од Сасекс конечно ja коментираше средбата за време на разговорот со водителот на Invictus Games, Алекс Џонс.

Непосредно пред Велигден, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл отишле во Виндзор на средба со кралицата Елизабета Втора, како што објавија неколку британски таблоиди. Тоа било прилично тајна средба во присуство на принцот Чарлс. Средбата меѓу Хари, Меган и кралицата Елизабета Втора доаѓа во време кога се шират гласини за климавоста на нивниот брак и за нивниот однос со кралското семејство.

Всушност, во последните недели се појавија бројни наслови и текстови во кои се зборува за кризата меѓу војводите од Сасекс и интересот на принцот за друга жена.

Гласините пак, кои зборуваа за наводните услови под кои парот би бил подготвен да се врати во Обединетото Кралство се уште помалку позитивни. Всушност, се чини дека двајцата би биле подготвени да се вратат во Лондон дури откако постарите членови на кралското семејство ќе починат.

Но британскиот Телеграф открива дека кралицата за време на средбата не само што им ја потврдила на војводите од Сасекс поканата за прославите за нејзиниот платинест јубилеј, туку и им рекла дека за „Trooping the Color“ би сакала да бидат со нивните две деца, малиот Арчи и Лилибет „Лили“ Дијана, на балконот на Бакингемската палата.

Хари и Меган  кои повеќе не се кралски членови, нема да имаат формална улога за време на прославите по повод 70 години на тронот на кралицата. Но, кралицата, поканувајќи ги да се појават на балконот со останатите членови на кралското семејство, сепак им дава голем „подарок“.

Подарок со кој деведесет и петгодишната кралица веројатно сака да се обиде да ја залечи скршеницата во семејството. Останува да видиме што мислат другите Виндзори. Особено Вилијам, чии односи со неговиот брат се многу напнати веќе со месеци. Толку многу што минатата недела на состанокот во замокот Виндзор тој едноставно не се појави. Таму, пак, ил таткото – принцот Чарлс. ж Но, соочувањето меѓу Хари и неговиот татко не поминало толку добро како она со бабата Елизабета. Чарлс и Хари поминале само четвртина час заедно и, според гласините, односите меѓу двајцата сè уште изгледале замрзнати. Прилина з атоа, меѓу другото, се и мемоарите што Хари планира да ги објави до крајот на годината, а во кои – се верува – дека принцот особено ќе ја нападне својата маќеа Камила, идната англиска кралица.

Дури ни Кејт Мидлтон, нема да биде воодушевена што ќе се најде покрај нејзината снаа-ривалка Меган на балконот на Бакингемската палата. Затоа што Маркл за време на интервјуто со Опра Винфри ја внесе директно во играта, обвинувајќи ја пред милиони гледачи дека ја расплакала, неколку дена пред нејзината кралска венчавка со Хари, „за проблем во врска со фустаните на деверушата, нејзината ќерка Шарлот “.

Но, кралицата ги поканила Хари и Меган заедно со нивните две деца – Арчи, кој не го видела веќе две години, и Лилибет Дијана, правнуката која никогаш не ја запознал. Можеби надевајќи се дека двете деца ќе можат да извршат мисија која денес изгледа невозможна: да ги поправат тензиите меѓу Сасекс и остатокот од кралското семејство.

Слични објави

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо
Се вчитува....