21.8 C
Скопје
16:46 - 28 март, 2024

Која е Жастин Трие, третата жена што освоила Златна палма во Кан: Потребни ни се приказни за животот на жената, режирани од жени

Режисерката на „Анатомија на падот“ ја освои Златната палма на 27 мај, со што стана третата жена режисер во историјата на Канскиот филмски фестивал што го добила ова признание од 1955 година.

Во четири филма и исто толку портрети на жени, Џастин Триет (44) се искачи на врвот на кинематографијата, станувајќи третиот режисер-жена во историјата која освоила Златна палма, за Анатомија на падот.

Нејзиниот четврти игран филм претставува застрашувачка обдукција на дисфункционална уметничка двојка, го следи судењето на германската авторка (која ја глуми Сандра Халер) обвинета на суд за убиството на нејзиниот сопруг, во нивната вила на француските Алпи. Интересно е што германската глумица Халер, глуми и во друг филм кој е награден во Кан, „Зона на интерес“.

Додека ја примаше наградата Трие ја критикуваше француската влада поради одговорот на неодамнешните протисти против пензиските реформи.

На церемонијата на доделување награди, легендарната холивудска актерка Џејн Фонда рече дека, на нејзиното присуство прв пат на фестивалот, во 1963 година, немало режисерки. И дека оттогаш режисерките поминале долг пат, а годинава во конкуренција имало седум жени.

Трие е родена на 17 јули 1978 година во Фекамп, а пораснала во Париз: „Мајка ми имаше прилично сложен живот, работеше и одгледа три деца, од кои две не беа нејзини. Татко ми беше многу отсутен“, изјави таа за АФП.

На дваесетгодишна возраст таа се запиша на уметничкиот факултет во Париз со желба да стане сликарка. Но по две години студирање, се откажала од сликарството за да се посвети на видеото и монтажата. Во 2007 година го снимила својот прв документарец, „На лице место“, филм кој ги обработува студентските демонстрации против Првиот договор за работа. Во оваа драматизација на реалноста, Трие го доведува во прашање местото на поединецот во групата.

Заинтересирана за големите моменти на социјална тензија, потоа го снима новиот документарен филм „Солферино“ за време на претседателските избори во 2007 година, кој ќе послужи како нацрт за нејзиниот прв долгометражен филм – „Битката кај Солферино“ (со англиски наслов „Age of Panic“) што предизвика сензација во Кан во 2013 година. Една година подоцна, оваа „драмедија“ со Летиција Дош и Винсент Макањ во главните улоги, снимена на денот на вториот круг од претседателските избори во Франција, беше номинирана за Цезар 2014 година во категоријата најдобар филм.

Вториот филм на Жастин Трие, драмата „Во кревет со Викторија“, кој излезе во 2016 година, беше номиниран за француската национална филмска награда „Цезар“ во 5 категории, вклучувајќи го и најдобриот филм на годината, но не освои награди. Третиот долгометражен филм, „Искушението“, се натпреваруваше за Златна палма на 72. Кански филмски фестивал во 2019 година, сепак, загуби од „Паразит“ на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо.

Парижанката Трие работи со сопруг кој е ко-сценарист на „Анатомија на падот“, режисерот и актер Артур Харари, уште една силна француска фигура на авторската кинематографија.
Режисерката сама себеси се дефинира како „инстинктивна“, а преку нејзините дела – во кои не остава ништо на случајноста – „ги доведува во прашање односите меѓу мажите и жените кои се во центарот на нашите животи денес“.

Нагласува дека е растргната меѓу работата и домот (мајка е на две деца), но дека не ги жртвува своите амбиции и одлично се организира. Киното мора да придонесе за феминистичката „социјална револуција“, смета таа.

„Долго време, кога гледав филмови, се идентификував со машката улога, поради недостаток на силни женски улоги“, вели режисерката.

„Потребни ни се приказни направени од жени, режирани од жени, оценети од жени. Сè уште сме далеку од еднаквост“, додава Трие.

(Видео) Добитничката на „Златната палма“ во Кан ја заборави наградата: Погледнете ја реакцијата на холивудската легенда Џејн Фонда

Слични објави

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо
Се вчитува....