5.8 C
Скопје
05:34 - 1 април, 2026

КОЈА Е ВИСТИНСКАТА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ

Еден, ама вреден – доказ за несовршенство

Периодов Џенифер Лопез сигурно ви излегува и од фрижидер. Вниманието на целата јавност е свртено кон неа поради раскинувањето со Алекс Родригез и враќањето на старата љубов – Бен Афлек. Жените се прашуваат: „Како е возможно да изгледа совршено кога ја ситни шестата деценија?“, а на мажите, пак, не им е јасно: „Кој е понаивен, Алекс или Афлек?“  И нормално е на обичните смртници да не им се јасни нештата кои се случуваат таму некаде на црвениот тепих.

Инстаграм

Она што со сигурност го знаеме, е дека позади славните личности стои екипа од преку 100 луѓе, што внимаваат на секој детаљ, од будење до легнување. И веројатноста е голема дека секој од нас, кога би ја имаал таа екипа, би изгледал онакак како што тие изгледаат – секое влакно на своето место. Покрај изгледот за кој води сметка екипата, тие имаат и цел тим што ги води нивните профили на инстаграм, бидејќи секако, не смее да „летне“ нешто по грешка. Оттука се поставува прашањето: дали оваа фотографија, на која Џеј Ло ни малку не наликува на себе, е оставена намерно и со цел да ни покаже нам обичните дека и таа е таква, или е ПР грешка?  Јасно е дека покрај вас ќе се разбудии Џеј Ло од спорната фотографија, а онаа другата – останува да ја гледаме на Инстаграм и на настапите и да ѝ се воодушевуваме, што е легитимно право, бидејќи, рака на срце, секако е згодна и млада за годините што ги носи!

Скриншот зум: Инстаграм

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....