11.8 C
Скопје
19:28 - 19 април, 2024

Која е кошаркарската ѕвезда со македонско потекло Чеди Осман, а стапна на „лудиот камен“ токму во родниот Охрид

Репрезентативниот кошаркар Чеди Осман од НБА лигата се ожени во Охрид, со избраничката на неговото срце, глумицата Ебру Шахин. Но кој е Турчинот со македонско потекло и роден во Охрид, ѕвезда на НБА. 

(Фотогалерија) Романтична и гламурна свадба во Охрид: Убавата глумица Ебру Шахин се омажи со кошаркарската ѕвезда Чеди Осман

Секој негов настап во НБА лигата е ценет и одлично платен. Осман кој е актуелен во Макеоднија деновиве, по престојот и свадбата со популарната турска глумица, добро ја чува својата приватност. Турските медиуми известуваат дека претходно, пред врската со Ебру, тој бил во љубовна врска со спортистката Дениз Маген.

Осман е роден на 8 април 1995 година во Охрид, Македонија. Неговата мајка е Босанка, а татко му Турчин. Има брат, Чанер Осман, кој исто така е кошаркар. Висината на Чеди Осман е 2,01.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cedi Osman (@cediosman)

Во 1999 година со семејството се преселил во Сараево, Босна и Херцеговина. Во истата година кога се приклучува на клубот КК Босна. Тој беше откриен од скаутите на Ефес Пилсен, еден од тимовите во Евролигата додека играше токму во Босна.

Имал 13 години, кога со семејството се преселиле во Истанбул. Чеди, кој стана турски државјанин, е израснат во духот на Ефес Пилсен. Во 2010 година, заедно со Националното првенство на Ѕвездите на Таким во Турција, се одржа машкиот кошаркарски шампионат Ѕвезди. Во 2011 година, тој беше поканет да игра во меѓународната игра Џордан Бренд Класик. Веднаш потоа, беше избран во Топ 5 на Европското првенство во 2014 година. Во НБА влезе во 2015 година, прво во Минесота Тимбервулфс од каде замина во Кливленд Клеверс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cedi Osman (@cediosman)

Близок пријател на Леброн Џејмс

Во американската кошаркарска НБА лига, каде најдоброто од светската кошарка излегува на сцената, Чеди Осман е познато име. Тој привлекува внимание особено со пријателството со светската ѕвезда Леброн Џејмс.

Годишен договор од 7,426,088 долари

На официјалниот сајт на НБА клубот за кој игра пишува дека за 2022/23 година Осман има договор од речиси 7 ипол милиони долари, а приближно толку има и за сезоната 2023/24. Минатата пак, сезона земал речиси 10 милиони. Во неговиот клуб според платата е рангиран на високото 8 место оваа година, додека ланската година беше на 5 место.

Договорот пак за премин од Минесота Тимбервулвс во Кливленд Кавалирс во 2015 година, потпишан до 2017 година, му донел цели 31 милион долари за 4 години.

Која е Ебру Шахин, убавата глумица што ќе се мажи во Охрид со славниот кошаркар Чеди Осман: Таа тежи 25 милиони долари, тој зема годишна плата од над 3 милиони

Слични објави

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Познатата Касандра пристигнува во Србија и ќе игра со Биковиќ во „Јужен ветар 3“: Улогата е посебна приказна, ова се деталите

Еспресо

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо
Се вчитува....