03:13 - 9 ноември, 2026

КИМ БЕСИНЏЕР за АЛЕК БОЛДВИН: „Не можеше емоционално и ментално да се справи со проблемите!“

Сексапилната глумица Ким Бесинџер рече дека поранешниот сопруг Алек Болдвин не бил отсекогаш „емоционално и ментално достапен“ да се справи со сериозните проблеми меѓу кои и со проблемите на нивната ќерка Ајрланд.

„Знае дека сите сме добро, сите се согласуваме. Но, тој е предизвик. Се соочивме со нашите предизвици“, сподели 68-годишната Бесинџер за време на „Red Table Talk“ на Facebook Watch во средата додека зборуваше отворено за битката на нивната 26-годишна ќерка со нејзиното ментално здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Basinger (@kim.basinger)

„Мислам дека Алек не беше емоционално или ментално достапен за таков разговор. Алек, знаете, функционира на многу поинаков начин во неговиот живот“ – објасни Ким.

Додека Ајрланд верува дека нејзиниот татко страда од анксиозност, Бесинџер е убедена дека неговото воспитување му отежнувало да ги користи емоциите и го опиша како „некој кој израснал во семејство кое ги потиснувало емоциите или ги мешале со слабост“.

Бесинџер и Болдвин се венчаа во 1992 година, ја добија ќерката Ајрланд во 1995 година и се вклучија во жестока битка за старателство за време на нивната разделба во 2002 година.

„Има работи за кои одам кај татко ми“, продолжи Ајрланд, „но, дури и да се обидам некако да го водам овој разговор со него, мислам дека тој навистина не би можел да апсорбира ништо од тоа“.

Извесно време, Ајрланд не разговарала со ниту еден од нејзините родители поради злоупотреба на супстанции.

„Имаше алкохолизам и зависност од дрога во моето семејство“, сподели таа.  „Една ноќ отидов толку далеку со пиење и апчиња што не можев да заспијам“ – призна своевремено таа.

„Ги изолирав сите мои вистински пријатели, го изолирав семејството. Немав контрола над ништо во мојот живот. Се измачував со нарушувањата во исхраната што ги имав. Не сум разговарала со моите родители една година. Ги гледав овде и таму, но ми беше многу срам од тоа што станав и како живеев“.

Оттогаш таа го поправи односот со нејзините родители и веќе со години е „ослободена од анорексија и булимија“. Алек пак, моментално го очекува своето осмо дете, седмо со сегашната сопруга Хиларија Болдвин.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....