8.8 C
Скопје
23:48 - 27 април, 2024

Ќерките на Путин се под санкции, но каде е „ПРВАТА ЉУБОВНИЦА“?

Рускиот претседател официјално се ожени само еднаш. Људимила Путин, сега Очеретнаја, ги родила двете ќерки на Владимир Путин – Марија и Катерина, кои вчера беа санкционирани од САД поради руските инвазии на Украина. Иако Путин во текот на годините беше поврзуван со многу жени, една од нив се истакна. Нејзиното име е Алина Кабаева и е добро позната на руската јавност.

Владимир Путин вешто криел детали од приватниот живот, но некои независни медиуми во Русија успеале да дознаат информации за членовите на неговото семејство. Тие често потоа би биле санкционирани, прогонувани или затворани.

Путин помина речиси 30 години во брак со Људмила. Разводот беше објавен на државната телевизија. Људмила тогаш истакна дека не сака јавно внимание и фотографирање, што е постојан дел од работата на нејзиниот сопруг.

Меѓутоа, во јавноста брзо се појавија информации дека причината за пропаѓањето на бракот на претседателската двојка е всушност неговиот интимен однос со ритмичката гимнастичарка Алина Кабаева.

Тие само неколку пати се фотографирани заедно во јавноста на свечени настани. Кабаева е една од најуспешните ритмички гимнастичарки во Русија и освои златен медал на Олимписките игри во Атина во 2004 година.

Набргу потоа се запознала со Путин и спортската кариера ја заменила со политичка. Кабаева стана пратеник на владејачката Единствена Русија и член на таа партија во руската Дума.

Во тоа време веќе нашироко се зборуваше дека нејзиниот ненадеен политички подем е последица на нејзиниот однос со Владимир Путин.

„Првата љубовница на Русија“, како што ја нарекоа руските медиуми, помина неколку години во парламентот, пред да започне кариера во медиумите. Пред неколку години Кабаева стана шеф на одборот на Националната медиумска група – најголемиот руски конгломерат под контрола на Кремљ.

Мистериозно исчезнување

Колку што медиумите ја сакаа Алина, нејзиниот изглед и кариерите што ги започна, толку Алина ги сакаше медиумите. Додека вежбаше ритмичка гимнастика, но и како пратеник во Думата, Кабаева ги красеше насловните страници на многу медиуми и даваше интервјуа речиси секоја недела.

„Не е доволно само да сте добри во својата работа, важен е и изгледот и харизмата. Погледнете ме, сите сакаат да бидат како Алина“, рекла таа своевремено.

Меѓутоа, во одреден момент Алина исчезна од очите на јавноста. Со месеци немаше ни трага од поранешната гимнастичарка, а на социјалните мрежи имаше лавина прашања -„Каде е Алина?“.

Кремљ никогаш не сакаше да ги потврди овие наводи, но се верува дека Кабаева го родила своето прво дете од Владимир Путин во периодот од 2014 до 2015 година. Во прилог на овие тврдења се фотографиите снимени на единствениот настан на кој Алина потоа се појавила во поширок црвен фустан под кој се гледа труднички стомак.

Една година подоцна, на еден спортски настан, таа била фотографирана со бурма на раката, а набргу потоа и со дете на трибините на натпреварот.

Алина никогаш не сакаше да ги потврди овие наводи, но по нив таа целосно исчезнаа од јавноста.

Koja e АЛИНА КАБАЕВА, тајната жена на ПУТИН: Од гимнастичарка до политичарка, со „царот“ има четири деца?!

Војна и петиција

Кабаева сега живее во Швајцарија, а некои руски медиуми тврдат дека на Путин му родила четири деца. Кога Путин го најави почетокот на „специјална воена операција“ во Украина, меѓународната заедница воведе санкции и кон Русија и кон претседателот лично.

На удар беа и неговите најблиски соработници, пријатели, а сега и членови на семејството, бидејќи Западот верува дека тоа економски ќе ја ослабне Русија и нејзиниот претседател.

Сепак, и покрај апелите на многу Украинци и меѓународната заедница, на листата на санкции сè уште ја нема Алина Кабаева, за која многумина тврдат дека е мажена за рускиот претседател.

Наместо санкции, таа живее во Швајцарија, каде неодамна беше покрената петиција за нејзина депортација во Русија, но ништо значајно не се случи, пренесува нова.рс.

Санкции за Марија и Катерина – ќерките на Путин

Не се знае многу за признаените ќерки на Путин. Марија Воронцова е мажена за холандскиот бизнисмен Јорит Фасен, со кој има и дете. Помладата наследничка, Катерина Тихонова беше мажена за рускиот милијардер Кирил Шамалов, а моментално ја води компанијата „Инопрактика“ и е заменик директор на Институтот за математички истражувања на сложени системи на Московскиот државен универзитет.

Вчера САД воведоа санкции за Марија и Катерина, како и за ќерката на Сергеј Лавров, поради сомнеж дека нивните татковци го кријат имотот во странство на име на нивните деца.

Пријателите ја молат АЛИНА КАБАЕВА да разговара со ПУТИН: Но, таа не може ни да стигне до него!

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....