14:17 - 18 август, 2026

Пријателите ја молат АЛИНА КАБАЕВА да разговара со ПУТИН: Но, таа не може ни да стигне до него!

Некои од пријателите на „тајната жена на Путин“ Алина Кабаева вршат притисок врз неа да побара од рускиот претседател да ја прекине војната. Но, сигурносниот ремен околу него е многу тесен и веројатно таа не би можела ни да му пријде. Ова за Page Six го открил извор близок до жената, посочен како придружник на рускиот претседател.

Според непотврдени информации, Кабаева е безбедна во Швајцарија, во луксузна вила на границата со Франција, заедно со нејзините четири деца родени од нејзината врска со Владимир Путин.

Изворот исто така додал: „Путин е опкружен со безбедносен кордон. Алина вели дека не е сигурна дека може да стигне кај него и да може да разговара со него. Тој дури и не знае дали би можел да се врати кај своите деца“.

Теоретски, Алина Кабаева би можела да се пресели од Швајцарија и да продолжи да живее инкогнито:

„Таа патува со приватни авиони, има различен идентитет и има пасоши од различна националност“. Децата, пак, родени во Швајцарија имаат пасоши од таа земја. Но, во овој момент, сугерира изворот, за Алина е многу тешко воопшто да може да разговара со Путин.

Во меѓувреме расте притисокот Кабаева да ја напушти заедно со децата Швајцарија, а многумина – преку петицијата за отселување од земјата – ја споредуваат со Ева Браун, љубовницата на Хитлер.

Инаку, Кабаева е една од најодликуваните спортистки во ритмичка гимнастика.

Како што истакнуваат подносителите на петицијата во Швајцарија, Алина Кабаева „не е виновна само што е љубовница на диктатор“, туку била активна улога во неговата политика и со плата од 10,5 милиони долари седи во одборот што ги контролира јавните медиуми, одговорни за сериозната кампања за дезинформации во Русија за војната во Украина.

И покрај ова, Кабаева сè уште не е лично засегната од меѓународните санкции.

Koja e АЛИНА КАБАЕВА, тајната жена на ПУТИН: Од гимнастичарка до политичарка, со „царот“ има четири деца?!

Слични објави

Ивона Јо искрено: „Дел од фамилијата не ми зборува зашто се омажив пред да помине една година од смртта на тато“

Еспресо

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо
Се вчитува....