19:17 - 7 ноември, 2026

Како изгледа омлетот низ светот?

омлет

Омлет е јадење направено од матени јајца кои се полнат со разни состојки и се пржат во масло или путер. Се верува дека првите омлети биле направени во античка Персија, додека францускиот збор омлет започнал да се користи во средината на 16 век.

Денес, постојат многу верзии на омлет низ целиот свет, збогатени со зеленчук, сирење, месо, билки или зачини. Во Франција, омлетите се готват полека, со многу внимание и посветеност и обично се зачинети со билки, кромид и домати. Во Иран постои куку-омлет со билки и големи количини на други состојки.

Во Италија постои фритата, во Јапонија-тамагојаки, во Шпанија има тортиља де патата(што е вусшност омлет со компири), а во Соединетите држави има омлети од Денвер и Хангтаун Фрај. Ова јадење базирано на јајца може да се најде и во Кина, Индија, Индонезија, Кореја, Филипините и Тајланд.

Овој појадок е толку популарен што во 2012 година, жителите на Сантарем, Португалија го направија најголемиот омлет во светот за кој беа потребни 145.000 јајца.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....