22:48 - 11 јули, 2026

ЈУГОНОСТАЛГИЈА: Антологија на љубовта меѓу Габи Новак и Арсен Дедиќ

Габи Новак и Арсен Дедиќ живееле во хармоничен брак цели 42 години, а тој често нагласувал дека годините поминати со Габи му биле најубавиот дел од животот. Легендарниот кантавтор, поет и шансониер почина на 78-годишна возраст во август 2015 година.

„Го имаш нашиот Матија и продолжи понатаму“, ги откри Габи, последните зборови на Арсен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @foto.nostalgija

Во бракот добија еден син Матија Дедиќ, а од првиот брак легендарниот музичар ја има ќерката Сандра Дедиќ-Славица.

Заедничкиот живот и брак на великаните на музичката сцена донесе десетици албуми и шансони со кои израснаа многу генерации. Сите се сеќаваат на „Pamtim samo sretne dane“ и „On me voli na svoj način“, кои Арсен ги напиша за Габи.

Арсен секогаш велеше дека тие се обичен пар со светли и темни моменти.

„Ние двајца поминавме низ сите форми на насилство заедно и пожар во куќата, и губењето на нашето прво дете, и она што неа ѝ го направија, и она што го направија со мене… Најдов поддршка во Габи“, рече Арсен во интервју, додавајќи дека Габи ветила дека ќе го заштити до крај со сите сили, пренесува „avaz“.

ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА ИВО АНДРИЌ И МИЛИЦА БАБИЌ: Копнеел и ја чекал цели 20 години, а потоа трагично ја изгубил

Сликата на љубовна идила помеѓу „жена-карпа“ и тивок уметник отсекогаш преовладувала.

Тие се запознале во 1958 година во Загреб пред едно поранешно телевизиско студио. И двајцата тогаш биле во брак, Габи со композиторот Стипица Калоѓер, со кого остана до 1970 година, и Арсен со Весна Матош, внуката на поетот и романсиер Антун Густав Матош. Откако и двајцата останале сами и се разделиле од поранешните партнери, станале љубовници, потоа родители на Матија, а еден месец по неговото раѓање и сопружници. Тие се венчаа во 1973 година.

Еден албум на Арсен се вика „Imena žena“ затоа што имаше многу песни посветени на поранешни романси или луѓе блиски со него, но многумина тврдеа дека им ја посветил евергринот „Tvoje nježne godine“, но Арсен истакнува дека во одреден момент започнал сосема нов живот, а потоа ја запознал Габи.

„Мојата почит кон Арсен беше голема, каков и да беше. Добро знаеше дека во мене ќе најде жена која ќе го поддржува до последен момент, која ќе го негува, ќе го штити, ќе биде покрај него и никогаш нема да каже ништо грдо“, изјави Габи по смртта на Арсен.

Заеднички чекореа низ животот и приватно и професионално, беа еден до друг исто како што се колнеа, во добро и во лошо, пишува avaz.ba.

Габи и Арсен ги спои музиката.

„Во тоа време бев само поп-ѕвезда, а Габи пееше со музичари како Луи Армстронг – ни помалку ни повеќе“, призна Арсен за големиот успех на неговата сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio 057 (@radio057)

Иако се познаваат од 1958 година, медиумите почнаа да пишуваат за нивната романса дури во доцните 1970-ти.

Пред турнејата низ СССР, на која Јосип Лисац ненадејно ја замени Габи Новак, се дозна дека бракот е неизбежен.

(ФОТО) ХОЛИВУДСКО ЧУДО: Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорен Бакал сè уште не е напишана

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....