4.8 C
Скопје
05:49 - 20 април, 2024

(ФОТО) ХОЛИВУДСКО ЧУДО: Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорен Бакал сè уште не е напишана

хамфри богарт лорен бекол

Во 1942 година милиони Американци го гледаа филмот „Казабланка“ во кино. Многу жени беа тајно вљубени во ликот на Рик, а 17-годишната Бети Џон Парски – не можела да разбере зошто се кревА „толкава врева“ за Хемфри Богарт, актер кој „нема сексапил, е преценет и надуен“.

Бети Џоан Парски била исклучително баран модел до 1944 година, а потоа добила шанса да стане актерка под друго име – Лорен Бекол. На организирано тест снимање манекенката веднаш добила улога во адаптацијата на познатиот роман на Хемингвеј – „Да имаш и да немаш“, не знаејќи дека нејзиниот партнер во филмот ќе биде оној „несекси, преценет и надуен актер“ – Хемфри Богарт.

Богарт не се потрудил да ја промени сликата за себе откако го запознала. Тој доаѓал на снимањето мамурен, нерасположен и уморен од кавги во третиот, несреќен брак со актерката Мајо Мето, на кој во тие денови му се ближел крај.

Папараците постојано го следеле, а жолтиот печат нашироко пишувал за разводот, за неговата параноична љубомора и за тешката форма на алкохолизам.

ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА ИВО АНДРИЌ И МИЛИЦА БАБИЌ: Копнеел и ја чекал цели 20 години, а потоа трагично ја изгубил

Отворено непријателскиот однос на младата Лорен не помогнал во расположението на снимањето, па Богарт наводно за младата актерка изјавил дека е „кукла без талент“ и дека никогаш нема да успее во Холивуд.

Како што се снимал филмот, Богарт станувал маѓепсан од шармот на младата актерка, а Лорен почнала се повеќе да се фаќа како размислува за тој „нехаризматичен и досаден“ заводник.

Филмот „Да имаш и да немаш“ стана класика, а позитивните критики беа насочена кон убавата Лорен, која според мнозинството создаде „исклучително карактеристичен и секси лик“. Ниту искусниот Богарт не можеше да остане имун на страсната сцена во која Бекол го изговара познатото: „Знаете да свиркате? Нели? Само спојте ги усните и дувајте“.

Откако ја снимил оваа сцена, Богарт ѝ пришол на Бекол, страсно ја бакнал и отворено ѝ дал до знаење дека е заљубен во неа.

После ова не беа важни ниту неговиот проблем со алкохолот, ниту бракот во агонија, ниту фактот дека таа има само 19 години, а тој е 25 години постар од неа!

НАЈГОЛЕМАТА СЛАБОСТ НА ЧЕРЧИЛ: Која е љубовната приказна на Винстон и Клементин?

Истиот ден парот излегол на вечера. По вечерата, Лорен му го напишала телефонскиот број на Хемфри на кутијата со кибрит. Богарт го чувал ова парче картон како спомен до својата смрт.

Колегите и пријателите се обидуваа на секој начин да и дадат до знаење на Лорен дека Богарт не е за неа. Зад себе веќе имал три пропаднати бракови, 25 години повеќе, зголемени проблеми со алкохолот, а важел за непоправлив женкар.

Само гледање во него ме тера да затреперам. И кога ме фаќа за рака чувствувам треперење длабоко во стомакот. Неговата рака е топла, заштитничка и полна со љубов. Првото нешто што ми вели на почетокот на денот е „Здраво, бејби“. Кога го запознав бев невина. Тој ми беше учител и ментор. Љубовта на мојот живот. Се сеќавам на секој збор што ми го кажа – рече таа во една прилика.

Откако конечно се разведе од сопругата во 1945 година, Богарт веднаш организираше свадба со Лорен. И, додека целиот свет го предвиде нивниот неминовен развод, тие останаа заедно „додека смртта не ги раздели“.

На крајот, нивната среќа беше прекината од смртта. По 12 години брак, Хемфри Богарт почина во 1957 година. Лорен Бекол го надживеа речиси 60 години – почина во 2014 година. Непосредно пред нејзината смрт таа за медиумите изјави: „Романсата што ја имавме јас и Хемфри сè уште не е напишана“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sonic Editions (@soniceditions)

ЗА НЕА БИЛ ОБЛАК ВО ПАНТАЛОНИ: Драматичната љубов на Владимир Мајаковски и Лилја Бирк

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....