12:42 - 29 ноември, 2026

ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША ВЛЕГУВА ВО ПОЛИТИКА? Се шушка дека оваа фотелја ја мерка

Балканската поп ѕвезда е уловена во друштво на српскиот политичар Горан Весиќ од партијата Српска напредна странка,  кој моментно е на функцијата заменик градоначалник на Белград.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Јелена е облечена во сиво палто од луксузната модна марка Баленсијага (достапно во продажба по цена од околу 4.500 илјади евра), кое ја следи линијата на телото, и чанта од истиот бренд со вредност од околу 2.илјади евра.

– Денес за време на снимањето на разгледница од Белград по повод мојот концерт пред Собранието на Србија (конечно една белграѓанка да пее на тоа место), налетав на, ни помалку ни повеќе, заменикот градоначалник на Белград. Го натерав човекот и да ги части трубачите, но очигледно дека не му падна тешко и да ми биде своевиден водич низ градот. Шетавме и на Скадарлија, се возевме во автобус стар над 60 години… – напиша Карлеуша на објавата на инстаграм.

Како и секогаш, Јелена доби пофалби од своите обожаватели, но и забелешки на нејзина „сметка“ од типот дека на такво дружење со политичарот сигурно има намера да влезе во политика и дека ја мерка фотелјата на министерката за култура.

 

 

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....