19.8 C
Скопје
16:35 - 6 октомври, 2024

Јелена Карлеуша отворено за недоразбирањата со Душко: „Уцената беше да се разведам, се осветував…“

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ

Бројни скандали го следеа овој брак…

Јелена Карлеуша и официјално потврди дека ги потпишала документите за развод од фудбалерот Душко Тошиќ, по 16 години брак.

Со нив се поврзуваа бројни скандали, афери и шпекулации, а своевремено во медиумите најмногу одекна веста за наводната прељуба на поп дивата.

Имено, во јавноста протече интимна фотографија од пејачката која му ја испратила на спортистот Огњен Врањеш, а таа неодамна проговори за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

— Да ја отстраниме таа стигма еднаш засекогаш. Никогаш нема да го кажам неговото име бидејќи не го заслужува тоа. Тоа беше моја „онлајн грешка“, сите ги имаме, кои сама си ја платив многу скапо, а која не ја ни криев, ни од Душка. Реков, се случи. Скапо платив нешто што беше тажно, дури ни авантуристичко. Тоа беше намерен излет за некако да му се одмаздам ​​на Душко и ми излезе од контрола. Имав причина, да. Душко, како и секој млад човек и фудбалер. До мене доаѓаа разни приказни и тогаш имав потреба, како и секоја жена, да се осветам. Се фатив за црниот ѓавол кој искористи едно гледање на Facetime, направи скриншот без мое знаење и дозвола, не знаев дека го прави тоа и го испрати до сите медиуми – изјави поп дивата.

–  Ниту еден маж не ѝ го прави тоа на ниту една жена. Мислев дека нема начин, дека е невозможно, бидејќи тоа го прават само најбедните луѓе. Искористуваш нечија доверба, го сликаш, па го уценуваш, му се закануваш, па кога тој некој не се согласува со уцената, а уцената била да се разведеш од Душко… не сакав, затоа што тој за мене беше потсмев и глупост. Па, тогаш тој ми се одмазди, и тоа ми се одмазди со испраќање на сите тие слики до медиумите. Тоа не го прави човек, тоа го прави олош и п*чка. Во одреден момент, кармата ќе го врати сето она што сум го доживеала, бидејќи доживеав хорор што е ноќна мора на секоја жена. Душко никако да го надмине тоа, без разлика што сум сама на таа слика, нема никој до мене. Да беше некој друг, немаше да биде толку атрактивно, но бидејќи сум Јелена Карлеуша… – рече таа.

– Сега тој не е важен, важно е та јас што го направив, каква грешка, од глупост. Можеше да се случи да налетав на супер лик, тоа никогаш немаше да се дознае и така ќе поминеше, но универзумот го намести црниот ѓавол. Тоа можеби е добро, зашто научив страшна животна лекција. Никому не би го посакала тоа. Жал ми е што семејството го провлеков низ ова и Душко кој е јавна личност. Баш ми е жал. Се чувствувам виновна, но ниту имав намера ниту имаше било каков сериозен облик, како што медиумите претставија и филмуваа – искрено зборуваше Јелена во потскастот за српски Информер.

– Не мислам дека било што ќе се промени, а и не треба, зашто во меѓувреме поминаа пет години. Јас Душко секогаш ќе го сакам, но еднаш кога такви нешта ќе се случат, се кинат нитките, децата пораснаа..Мислам дека и не треба, зашто секогаш би се враќале на тоа, а не треба – призна Јелена.

– Видиш, јас на Душко се му простив што тој правеше, но Душко не е тој тип да простува. Не можеше да го андмине тоа, и не може. Таа медиумска брука во која е претставен како рогоња, ретко кој маж би можел. Години поминаа, многу работи се испослучуваа, така да на старото не можеме да се вратиме. Но јас целосно ја прифаќам својата одговорност, дека сум виновна, за се – заклучи Јелена за српски Информер.

Конечно се огласи и Душко Тошиќ по разводот од Карлеуша: „Нормално е да има лутење и искри“

Слични објави

Јелена Карлеуша на фотографија со озогласениот Пи Диди, што се крие зад сликата?

еспресо

Прослава во домот на Вики Миљковиќ: Пејачката пресреќна за синот, јавно му испрати честитка

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се соблече во бадемантил „во живо“: „Какво ви е варењето, толку сте здрави“

еспресо

Дарко Лазиќ искрено за долговите: „Пораснаа, сега се милион и пол…“

еспресо

Хороскоп за 6 октомври: За Овните куп акции, за Близнаците ден за комуникација

еспресо

Како со волшебно стапче: Три хороскопски знаци ќе ги решат сите проблеми на почетокот на неделата

еспресо
Се вчитува....