09:30 - 29 ноември, 2026

Јелена Карлеуша била лудо вљубена во постар колега: „Доживеав прво љубовно разочарување“

Јелена Карлеуша била луда по свој постар колега.

Поп дивата Јелена Карлеуша своевремено изјави дека била вљубена во еден пејач.

Станува збор за Жељко Шашиќ, кој го сними првото ЦД „Гори море“ во 1994 година, а не долго потоа Јелена го издаде и деби албумот „Огледалце“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

„Секоја љубов ми била возвратена, се до Шашиќ, кој беше многу постар од мене, и секако, дете не го интересираше. Е тогаш доживеав прво љубовно разочарување, но и ја присвоив поуката „за љубов треба да се бориш“. Тој беше голема фаца, имаше долги локни и хитот Гори море. Сите девојки, особено оние од Земун, се палеа на Жељко Шашиќ, па така и јас“ – изјави Карлеуша.

Жељко не ѝ обрнувал внимание на Јелена, но сепак собрала храброст да му каже неколку реченици во лице:

– Се сеќавам, тој беше во Будва на плажа со 50 свои обожавателки и не сакаше ни да се поздрави со мене. Му пријдов и застанав пред пешкирот на кој лежеше блокирајќи му го сонцето и реков: ‘Ќе бидам поголема ѕвезда од тебе’ – објасни Јелена.

Пејачите подоцна имаа одлични колегијални односи, Јелена беше дури и блиска пријателка со неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ.

Слични објави

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.
Се вчитува....