7.8 C
Скопје
04:56 - 29 септември, 2026

Хрватите се мајтапат на сметка на Лепа Брена: „Купува луксузни чанти, а штеди на паркинг за јахтата“

Фолк ѕвездата Лепа Брена летото го минува најмногу одморајќи се на јадранското крајбрежје. Како што пишуваат хрватските медиуми таа се сонча каде што се бродовите на богатите, но својата јахта ја закотвила на друго место.

инстаграм

Српски Курир пишуваше за ова уште во 2016 година, но од тогаш ништо не се сменило. Југословенската фолк ѕвезда ужива на својата јахта во Опатија, а мештаните се уште се шегуваат на нејзина сметка бидејќи јахтата не ја паркира во заливот на Опатија, туку во Риека. Причината е вистинска „ситница“: за паркирање на тој простор се плаќаат 120 евра, а во Опатија дури 2.300!

Музичката дива сепак не се откажува од поевтината паркинг зона.

„Има многу мештани кои би се паркирале тука, а кои немаат пари како неа, но не можат од нејзиниот брод. Сопствениците на бродови и на јахти во Опатија плаќаат годишно 2.300 евра за паркинг, додека во Риека таа цена е многу помала, само 120 евра. Брена знае за таа финта, па јахтата ја паркира во Риека, а во екот на сезоната се развозува до Опатија. Доаѓа меѓу нас кои сме цела година тука и се прави важна. Гласот за тоа бргу се пренесе во нашиот град. На почеток ни беше смешно, но како поминуваат годините, не ни е смешно, зашто во медиумите читаме дека купува луксузни чанти, очила и автомобили. Може тоа да го прави зашто вака со јахтата заштедува, додека мештаните кои тука живеат своите јахти мораат да ги остават во пристаништето – откриваат мештаните на Опатија.

Но, на Брена баш и не и е грижа за нивните приказни. И зошто би и било? За една година заштедила 26.160 евра. Инаку, Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ пред неколку години ја замениле старата јахта со помодерна за 100.000 евра, за која веќе пишуваше српски Курир.

– Купивме мал оклопен чамец за возење по заливите – изјавила пејачката своевремено за Курир.

Сепак, откако има проблем поради дивоградбата на куќа на парцела која е во сопственост на Град Белград, Брена не им крева телефон на новинарите.

Слични објави

(Видео) Теа Таировиќ го освојува светот: Хитот „Балканија“ одекна во познатата италијанска кошаркарска арена

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.
Се вчитува....