15.7 C
Скопје
19:18 - 19 октомври, 2026

Голема животна промена кај Дарко Мијалковски, еве што прави и како изгледа сега

Дарко Мијалковски, популарниот музичар и креатор на детскиот фестивал „Супер Ѕвезда“, направи голема животна промена. Тој е син на легендата на македонската поп музика, Драган Мијалковски.

Пред неколку години, токму во времето на Ковид пандемијата, тој реши да си замине од Македонија со неговата сопруга Марија која е инаку доктор, и со ќерката и со синот да замине во Австралија.

Фото/ Фејсбук

Од сликите што ги објавува на социјалните мрежи се гледа дека Мијалковски не се сменил многу, а во една прилика, за неговата животна промена тој напиша:

„Животот е патување и чекор по чекор, и наоѓаме сила еден во друг. Низ секој предизвик и момент на раст, љубовта и поддршката се тие што нè водат. Заедно, откриваме сила за која никогаш не сме знаеле дека ја имаме“, откри Мијалковски до сликата со сопругата која е успешен пластичен хирург.

Со сопругата Марија Фото/Инстаграм

„Огромна чест е да се биде дел од конференцијата „Фреш“, каде што се споделува обука за здравствени професионалци со фокус на јасна дефиниција со употреба на дермални филери и најновата индикација на Алерган за платизмни ленти и вилична линија“, напиша Д-р Мијалковка на Инстаграм неодамна.

Во една прилика, Мијалковски објави негова стара слика со мајка му и со татко и напиша: „Татко ми е познат музичар. Пораснав опкружен со многу инструменти. Дури и машината за шиење беше Сингерица“. Мијалковски за себеси вели дека работи како дигитален артист, видео продуцент, веб дизајнер, пијанист и текстописец.

Дарко како помал со татко му Драган и мајка му Ели Фото/Инстаграм

Кога лани прославија 19 години брак со Марија, Дарко објави емотивна приказна за сопругата: „Ретко пишувам, но денес е голем ден и имам специјална причина за тоа.
Денес (28.08) славиме 19 неверојатни години заедно со мојата убава сопруга Марија Мијалковска, која е прекрасна мајка на нашите деца. За нас, за нашата љубов и за уште многу години заедно исполнети со радост, смеа и бескрајна љубов“.

Марија и Дарко со децата во Австралија Фото/ Инстаграм

 

 

 

 

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....