04:14 - 9 ноември, 2026

Гога Секулиќ завршила во гипс – пејачката доживеала незгода пред настап, еве како се чувствува

Гога Секулиќ доживеала мала несреќа пред настапот на прослава во Босна и Херцеговина, дознава српски „Курир“. Пејачката несмасно застанала и ја извиткала ногата, поради што се здобила со истегнување.

Според нашиот извор, Гога веднаш побарала медицинска помош, а по прегледот, лекарите привремено ѝ ставиле гипс за да го стабилизираат повредениот зглоб и да спречат дополнителни компликации.

Веднаш по добивањето на медицинска помош, таа отишла на настапот за да покаже почит кон луѓето, седнала на стол и пеела.

Штом се вратила во Белград, пејачката повторно ќе ги контактирала лекарите, кои, според препораката, ќе го заменат гипсот со лонгета и ќе продолжат да го следат нејзиното закрепнување.

За среќа, повредата не е од сериозна природа и се очекува закрепнувањето да помине без проблеми.

Според сознанија на „Курир“, Гога веќе се чувствува подобро и ги следи сите совети на лекарите за што побрзо да се врати на своите секојдневни обврски и на публиката која со нетрпение ги очекува нејзините настапи.

Доколку закрепнувањето оди според планот, пејачката би можела да се врати на настапи и дружење со публиката за десет дена.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....